[Истражување] Основни права – Сместување во европската рамка

Македонскиот центар за европско образование ќе ги промовира наодите од истражувањето и студијата од проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“.

[Истражување] Основни права – Сместување во европската рамка

Промоцијата ќе се одржи на Денот на Европа – 9 мај (петок), со почеток во 10.30 часот во Делегацијата на Европската унија.

Промоцијата ќе биде проследена со дебата на тема „Темелните права на крстопат помеѓу Советот на Европа и Европската унија“ на која како панелисти ќе зборуваат д-р Хуан Игнасио Сигнес де Меса, судски соработник од Судот на правдата на Европската унија, професор по Европско процесно право на Католичкиот универзитет Комиљас од Марид, Шпанија, д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, професор по Меѓународно право за правата на човекот на Правниот факултет „Јустинијан први“ од Скопје и д-р Каролина Ристова – Астеруд, професор по Вовед во правото и Филозофија на правото на Правниот факултет „Јустинијан први“ од Скопје.

Во текот на дебатата панелистите ќе зборуваат на подолу наведените теми и притоа ќе дадат
одговор на следните прашања:

1. Заштита на права од ЕУ или заштита на темелни права
– Какво ќе биде влијанието на пристпаувањето на ЕУ кон ЕКЧП?
– Права од ЕУ или темелни права – Кој е приоритетот на ЕУ?
– Дали Судот на правдата намерно се откажува од надлежност да ги заштитува
темелните права?
2. Европската конвенција за човекови права – Меѓународно или домашно право?
– Какво ќе биде влијанието на пристпаувањето на ЕУ кон ЕКЧП?
– Колку се потпира ЕКЧП на македонската уставна традијца?
– Дали ЕСЧП ќе биде само четврта инстанца или пак Врховна власт за
заштитата на човековите права?
3. Дали европската рамка не е преширока за Македонија?
– Колективни наспроти индивидуални права
– Ефективна заштита преку добро дефинирање – Уметност во толкувањето