Истражување на ИРЗ: Граѓаните сметаат дека нема правична застапеност во институциите

Истражување на ИРЗ: Граѓаните сметаат дека нема правична застапеност во институциитеНајголемиот број од граѓаните сметаат дека начелото на соодветна и правична застапеноство Република Македонија не се применува. Најчести причини за тоа се погрешната партиска припадност или нечленувањето во политичка партија. Овие резултати ги покажа истражувањето што Институтот за развој на заедницата – Тетово го спроведе врз седум етнички заедници во Македонија.

Резултатите покажале дека луѓето најмногу дознаваат преку медиумите, а помал дел сеинформира преку пријателите и опкружувањето.

„Го испитавме мислењето на 1.266 граѓани од ромската, турската, бошњачката, српската и влашката заедница, како и доминантните етнички заедници – македонската и албанската во општините каде што живеат во малцинство. Истражувањето го спроведовме во 19 општини, во кои, според Законот за локалната самоуправа, има над 20 проценти од определена етничка заедница“, вели координаторот на проектот, Маргита Стојановиќ.

Денешниот настан, кој се одржа во салата на Општина Тетово, е четврти по ред, откако претходно форум беше одржан во Куманово, во Кичево и во Дебар.

Планирано е завршниот настан да биде заокружен со национална конференција во Скопје.

Г.М.