Истражување: Како треба да се облекуваат во јавност жените од исламот?

Начинот на кој треба да се облекуваат жените муслиманки во јавност беше мошне дeбатирана тема последниве месеци. Последната студија на Универзитетот во Мичиген  истражува какви се верувањата за женската муслиманска облека во јавност помеѓу жителите на повеќе држави каде што доминира муслиманската религија, објави Дејли мејл.

Истражувањето е спроведено во седум држави – Тунис, Египет, Либан, Ирак, Пакинстан, Саудиска Арабија и Турција. Резултатите покажале дека најголем дел од жителите на овие држави сметаат дека треба да се носи традиционалната марама која ја покрива косата, наместо бурката која го покрива целото лице.

Истражување: Како треба да се облекуваат во јавност жените од исламот?

Најголем дел од испитаниците, или 57 отсто во Тунис, 52 отсто во Египет, 46 отсто во Турција и 44 отсто во Ирак сметаат дека носењето на белиот  „al-Amira“ (слика 4) е најсоодветна облека за муслиманските вернички.

Но, поконзервативниот црн никаб (слика 3) се најде на второ место кој го избраа 63 отсто од испитаниците во Саудиска Арабија. Сличен одговор има и во Пакистан. Како најлиберални се покажаа испитаниците во   Либан и Турција од кои голем процент сметаат дека главата на жената вопшто не треба да се покрива во јавност.

Извор