Истражувачки центар „Пју“: Од Македонија до 2015 се иселиле 20 отсто од жителите

До 2015 година, околу 244 милиони луѓе ширум светот се иселиле од своите матични земји поради различни причини. Toa е реалативно мал дел од светската популација (околу 3 %), но влијанието на миграциите е нерамномерно низ светот. Во девет земји, меѓу кои и Македонија, над 20 % од граѓаните сега живеат во други држави.

Ваквата анализа ја објави американскиот истражувачки центар „Пју“, а според податоци од дата базата на Обединетите Нации за интернационални миграции 2015.

In nine countries, a fifth or more of birth populations are living in another country

За Македонија стои бројка од 520.000 иселеници до 2015 година. Тоа ја става земјава во група каде процентуално (во сооднос со вкупната популација) е Босна-Херцеговина со 1.650.000 иселеници (30%), потоа Албанија 1.120.000 (28%), Јамајка 1.070.000 (28%), Ерменија 940.000 (25%), Казакстан со 4.080.000 (22%), Тринидад и Тобаго (22%), Сирија 5.010.000 (22%), а по Македонија (21%) доаѓа Португалија со 2.310.000 (20%) жители кои се иселиле до 2015.