Истражувачката станица Петница ги отвора своите програми за студентите

Истражувачката станица Петница во Србија објави повик за неколку студентски програми кои во текот на летото ќе бидат реализирани во оваа престижна образовна институција. Во понудата за летните програми се часовите за елементарни честички, мискроскопија, хемија, научна комуникација и програмата за млади лидери.

Истражувачката станица Петница ги отвора своите програми и за студентите

По завршувањето на новите капацитети и опремување со модерна научна опрема, Петница стана место каде покрај средношколците добредојдени се и студентите. Тоа беше и повод од минатата година да започнат студентските програми кои пак оваа година ги има во многу поголем број, јавува Б92.

Втората Петничка школа за микроскопија се реализира во соработка со Биолошкиот факултет во Белград и е наменета за студенти  и постдипломци. За студентите по хемија, истражувачката станица организира две летни научни школи во соработка со Хемискиот факултет во Белград и Технолошкиот факултет од Будимпешта.  Оние студенти заинтересирани за промоција на науката и нејзино претставување на пошироката јавност можат да се пријават на школата за научна комуникација. Оваа школа ќе се фокусира на создавање и обликување разни научни поставки , експонати, експерименти, предавања, изложби и останати формати кои ја поттикнуваат и го јакнат учеството на јавноста. Часови ќе има и за студентите заинтересирани да ги научат вештините на планирање, комуникација и барање донатори за своите проекти.

„Студентските програми стануваат се побројни. Она што е добро е тоа што идеите за нивно создавање најчесто доаѓаат од некогашните наши посетители. Програмите за студенти се осмислени така што со нив студентите добиваат знаења кои не можат да ги добијат на факултет.Тие добиваат и можност да работат со модерна научна опрема која им е недостапна во текот на студиите“, се наведува во соопштението од Петница.

Трошоците за студентските програми за српските студенти во Петница се делумно или целосно покриени од страна на донатори. Пријавувањето е достапно и за студенти од други земји кои зависно од своите квалификации може да се издејствуваат попусти за летните програми во Петница.

Извор: Б92