Истражувачи од Стенфорд развија компјутер кој користи водени капки

Истражувачи од Универзитетот Стенфорд, предводени од доцентот Ману Пракаш, развија нов вид на компјутерски процесор изграден од подвижни водени капки, наместо електрони.

Она што е особено интересно за ова истражување е што овој вид на компјутер не е дизајниран за да го замени сегашниот процесор кој ги напојува компјутерите или мобилните уреди. Тој може да репродуцира логички математички операции, но истражувачите сметаат дека неговото создавање е голема предност за контролирање и манипулирање на физичката материја.

Компјутерот составен на Универзитетот Стенфорд е составен од серија на метални делови кои се планирано наместени со цел да влијаат на обликот на магнетното поле што се полни од електромагнетните калеми околу машината.

Во зависност од тоа како се подредени металните делови, капките ќе се движат во одредена шема. Всушност, водените капки можат да бидат мешавина од различни материјали (во овој случај тие се полни со честички од железо), така што овој нов вид на компјутер може да се користи за да се сортираат или организираат капки на различни хемикалии.