Историска судска пресуда: Малезиец добил судската битка против исламистичка тужба за геј секс

Жител на Малезија ја доби судската битка против исламистичка забрана за геј секс која според обвинението е против природниот ред. Ваквата одлука ја подгрева надежта за пошироко прифаќање на геј правата во држава која е претежно муслиманска.

Со взаемна согласност, малезискиот Врховен суд пресудил дека обвинението било незаконско, па властите немаат право да го казнат обвинетиот.

„Оваа одлука е историска. Ова е голем чекор за ЛГБТИ+ правата во Малезија“, истакнал Нуман Афифи, основачот на групите за ЛГБТИ+ права, кој не бил вклучен во правната постапка.

Обвинетиот која има 30 години, поднел тужба откако бил уапсен во 2018 година, поради обид за геј секс, обвинение кое тој го отфрла.

Истополовиот секс е нелегален во Малезија, иако обвиненијата за оваа активност се ретки.

Малезија се состои од 13 држави, а постои и двоен судски систем каде паралелно опстојуваат исламистички закони за криминал и семејство, кои функционираат „рамо до рамо“ со граѓанските закони.

ЛГБТИ+ активистите велат дека исламистичките закони се насочени кон геј заедницата во државата, а зголемени се апсењата и казните кои варираат од претепување до затворска казна.

Но и покрај пресудата, обвинетиот е под закана од 20 годишна казна затвор според закон од британскиот колонијалистички период, каде геј сексот е забранет. Законот е познат и како „Секција 377“.

„Сакаме да живееме достојно, без страв од затвор. Се разбира дека Секцијата 377 е сè уште правосилна. Ова не е крајот, ова е почетокот“, изјавил Нуман.

Во Малезија, земја во која живеат 32 милиони луѓе, а 60 отсто од населението е муслиманско, многу геј лица не се отворени за нивната сексуалност.

Жителот кој го поткренал обвинението сметал дека државата нема право да воведе исламистички закон за „сексуален акт кој е против природниот ред“ во време кога геј сексот веќе е незаконски и според граѓанските закони.

Судот се согласил, одлучувајќи дека државната моќ да да донесе вакви забрани е предмет на конституционално ограничување, изјавил судијата Тенгку Маимун Туан Мат во пресудата.

Исламистичкиот религиозен Совет, не дал коментар за одлуката.

Обвинениот бил инволвиран во правна постапка заедно со уште 11 мажи кои биле уапсени поради сомнеж за учествување во геј секс. Мажите биле уапсени при рација на приватен имот.

Пет од нив ја признале вината и биле приведени во 2019 година, при што биле изложени и на јавно тепање и финансиски казни. Ваквите казни ги разбесниле активистите за човекови права кои истакнале дека со ваквото казнување се создава чувство на страв кај ЛГБТИ луѓето.

Извор: Guardian