Истополовите сопружници имаат право на престој во ЕУ, пресуди Европскиот суд на правдата

Европскиот суд на правдата пресуди во корист на геј Романец и неговото право да живее заедно со неговиот сопружник Американец во Романија.

Земјата, која не признава истополови бракови, спорела дека Американецот не потпаѓал под правата на Европската Унија за престој на сопружниците, но Европскиот суд одлучил дека терминот „сопружник“ е родово неутрален.

Адриан Коман и неговиот американски партнер Клаи Хамилтон стапиле во брак во 2010 во Брисел.

„Сега можеме да погледнеме во очите на било кој јавен службеник во Романија и низ ЕУ со сигурност дека нашата врска е еднакво вредна и еднакво релевантна“, изјавил Коман по денешната пресуда, пренесе ББЦ.

„Благодарни сме на Европскиот суд и на многу други луѓе и институции кои не поддржуваа и кои преку нас ги поддржуваа и другите истополови парови во слична ситуација. Денеска победи човечкото достоинство“, додал тој.

„И покрај тоа што земјите членки на ЕУ се слободни да дозволуваат или не дозволуваат истополови бракови, тие не можат да ја ограничуваат слободата на престој на европски граѓани, со тоа што ќе одбијат да му дадат право на престој на сопружник од ист пол кој е

Пресудата на Европскиот суд на правдата значи дека земјите членки на ЕУ треба да ги признаат геј-браковите склучени во другите земји од Унијата и да им обезбеди на паровите исти права за престој, какви што ги имаат и другите семејства.