Исповед на младиот Игор: Што научив од борбата со ракот?

Игор Јакшиќ (28), секогаш насмеаното младо лице од Белград никогаш нема да ве натера на помислата дека пред само десет месеци се изборил со ракот на крајниците, каков што лекарите велат дека до сега не виделе.

Исповед на младиот Игор: Што научив од борбата со ракот?Додека за повеќето луѓе сознанието за оваа лоша болест би ги уништило, Игор е позитивен и пооптимистичен од било кога, до толку што и зрачењето кое лекарите му го препрачале го прекинал на половина.

И тоа, вели дека му е најдобрата одлука во животот!

Ракот во втор стадиум, кој што никогаш не е виден освен кај тешки алкохоличари и пушачи, кај Игор е дијагностициран на почетокот на ноември, минатата година.

Сознанието за болеста , во овие години, на некој кој не пуши, не пие, нема пороци…тешко би му паднало на секого, пишува Vesti.rs.

„ Долго време го одложував одењето на лекар, а кога конечно отидов, веќе некаде на половина од испитувањата знаев дека е во прашање нешто сериозно. Сепак, кога тоа ми го соопштија лекарите, го прифатив сосема нормално. Не ме погоди многу затоа што верував дека се ќе биде во ред. Во животот е важно да имаш позитивен став, но на тоа никого не може да го присилиш“, се потсетува Игор на својата реакција кога му бил откриен ракот на левиот крајник, кој потоа ги зафатил и плунковите жлезди.

Во меѓувреме тој е успешно е опериран, иако вели дека од оваа временска дистанца операцијата нема да ја одобрел. Започнувањето на постоперативниот третман го прекинал на половина и ги игнорирал советите на лекарите дека на тој начин ризикува болеста да се врати.

„ Тоа беше најтешката одлука во мојот живот, семејството тешко го прифати тоа, но сега тврдам дека беше најдобра. Нуспојавите беа ужасни, замор и исцрпеност, губење на апетитот. Во меѓувреме се информирав за штетноста од зрачењето и решив да истражам и други методи на лечење, па преминав на исклучиво само на свежа храна, која докажано помага во лечењето. Мислам дека класичната медицина при лечење на ракот е голема заблуда“, раскажува Игор, додавајќи дека редовно оди на контрола и дека резултатите се одлични.

Својот живот го променил од корен, а следела и целосна  промена на свеста.

„ Изгледа дека е потребно животот да ви удри шамар за да се освестите и сфатите дека не е се во трката за работа, пари и автомобили. Го преиспитувате својот живот и сваќате дека единствен важен момент е сегашниот. Преземете драстични мерки и одговорност за својот живот. За почеток го исфрлив телевизорот, што на сите топло им го препорачувам. Нема нервози и лоши вести, секое утро вежбам јога, медитирам, секој слободен момент го поминувам во природа, а свежата храна се подразбира. Ако барем нешто од ова промените во својот живот, можеби ќе поминете само со чврга, а не како јас“, заклучува Игор, кој во целата борба го поддржува неговата  девојка Ива.

Заедно со промената на начинот на живот, кај Игор и кај Ива спонтано се јавила желба да видат што е можно повеќе места во Србија, па дојдоа на идејата да посетат “барем 100 дестинации“. До сега ги посетиле Ртањ, Сокобања, кањонот Увца, Тар, Рудник…

„ Се уште не сме ги испланирале баш сите дестинации, некои идеи веќе имаме, но за повеќе од нив решаваме во моментот. Едноставно, седнуваме пред компјутер, истражуваме малку и решаваме каде ќе патуваме следниот пат. Самиот концепт не е прецизно дефиниран, но сакав луѓето барем малку да почувствуваат воодушевување како што ние почувствувавме првпат кога тргнавме на патување околу Србија“, додава тој.

Откако ја слушнаа неговата приказна, акцијата ја поддржаа и од кампањата “ Фудекс“, која ќе им помогне во нивните патувања.

Извор