IsoHunt направи функционална копија на KickAssTorrent

Само еден ден откако во Полска беше уапсен основачот на KickassTorrent, Артем Ваулин и веб страницата за преземање на пиратерија беше блокирана, голем дел од нејзината содржина е вратена на интернет.

Овој пат, се наоѓа на „огледална“ веб страница, копија на оригиналот, со идентичен дизјан и сличен домен – kickasstorrents.website.

Копијата, создадена од IsoHunt, го содржи секој „аплоуд“ од минатата година и пол, но недостасуваат форумите, заедницата и поддршката на KAT.

IsoHunt беше задолжен и за „воскреснувањето“ на Pirate Bay, за време на едно од неговите многубројни блокирања. Тимот на веб сајтот испрати и поддршка до Ваулин, а отвори и петиција „Слобода за Ваулин“, поради прекршување на човековите права. Петицијата нема да има големо влијание, бидејќи основачот на КАТ беше уапсен во Полска од страна на полицијата на САД, што отвора цел синџир на дебата за тоа под чија јурисдикција би било ослободувањето, но со петицијата сепак расте свесноста за апсењето на Ваулин, пишува The Neхt Web.