Исланѓани ќе прават журка на глечер пред да се истопи

Фестивалот „Secret Solstice festival“ го привлече вниманието на светската јавност бидејќи беше единствен по тоа што понуди забава на глечер. Фестивалот повторно се најде на музичките страници откако беше објавено дека на посетителите им се нуди невообичаен пакет за забава на глечер кој исчезнува.

Имено глечерот Langjökull, кој е втор најголем во Европа ќе биде местото на кое се одржува фестивалот. Сепак, огромната површина мраз брзо се топи поради ефектите на глобалното затоплување. Како што се доближува оваа дата, само  малкумина ќе бидат среќни да го искусат „Secret Solstice“.

Фестивалската програмата е разновидна и се состои од инди рок до хаус, а на настанот ќе настапи широка палета музичари. Сите информации може да се видат на официјалниот сајт на фестивалот.