Исланд најмирна земја во светот, Авганистан најнебезбедна, покажа ново истражување

Исланд била најмирната земја во светот во 2020 година, позиција која земјата ја држи од 2008 година, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија, според податоците објавени во истражувањето „Global Peace Index“, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, односно годинава за 0.07 отсто. Меѓутоа, ова е второ најмало влошување забележано во претходните истражувања.

Авганистан и понатаму е најнебезбедна земја во светот. Во овогодишниот извештај осум од десет најмирни земји во светот се во Европа, што го прави континентот најмирен регион во светот.

Северна Македонија е позиционирана на 40. место, а од земјите во регионот, Косово е на 80. место, Албанија на 48. место и Србија на 44. место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти, општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.