Исланд е првата земја во светот што ќе бара доказ за еднакви плати

На Меѓународниот ден на жената, Исланд стана првата земја во светот што ќе ги натера компаниите да докажат дека ги плаќаат сите вработени подеднакво, без разлика на нивниот пол, етничка припадност, сексуалност или националност.

Владата донесе нов закон со кој се бара од секоја компанија со повеќе од 25 вработени да поседуваат сертификат кој покажува еднаквост во платите.

Сепак, Исланд не е првата земја што презентирала слична шема. Претходно, тоа го направиле Швајцарија и Минесота, но Исланд е првата што тоа го направила да биде задолжително.

Министерот за еднаквост и социјална работа, Торстиан Винглендсон, рече дека „вистинско време е да се направи нешто радикално за ова прашање“.

„Еднакви права се човекови права. Ние мора да осигураме дека мажите и жените уживаат еднакви можности на работното место. Наша одговорност е да ја искористиме секоја мерка за да го постигнеме тоа“, рече тој.

Потегот доаѓа како дел од напорите да нордиската нација да го искорени родовиот јаз во платите до 2022 година.

Во октомври, илјадници жени работнички низ Исланд го напуштаа работното место во 14:38 часот во знак на протест бидејќи се платени помалку од мажите. После ова време, во типичен осумчасовен работен ден, жените најчесто работат без да бидат платени, велат женските организации и унии во Исланд.

Државата веќе одреден период се труди да загарантира еднаквост во платите помеѓу мажите и жените, воведувајќи квоти со минимум 40 отсто жени во одбори на компаниите со повеќе од 50 вработени.

Исланд веќе осум години е рангирана како најдобра во светот за родова еднаквост од Светскиот економски форум. Но, и покрај ова, жените во Исланд се уште заработуваат во просек од 14 до 18 отсто помалку од мажите.