Исламска држава го изгуби и последното упориште во Сирија

По борбата која траеше со недели, Исламска држава е поразена и во последниот дел од територијата во Багуз во Сирија, соопшти Сириските демократски сили(СДФ). Тие објавија крај на самопрогласениот калифат, кој некогаш се простираше на една третина на Ирак и Сирија.

„Багуз е слободен и е остварена воена победа над Даеш“, напиша на Твитер Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили (СДФ) кои ги поддржуваат САД, користејќи ја арапската кратенка за групата Исламска држава.

Но, и покрај загубата на териториите, Исламска држава останува безбедносна закана.

Бали вети дека Сириските демократски сили ќе продолжат да се борат против остатоците на овие екстремистички групи додека целосно не се искоренат.