Искуство на македонска студентка од Полска – ладна земја со топли срца

Минатата година Елена Трајческа ја посети Полска благодарение на праксата на студентската организација АИЕСЕК Скопје. Задоволна од ова искуство, одлучи својата приказна да им ја раскаже и на останатите млади луѓе и да ги поттикне да патуваат.

Искуство на македонски студент од Полска – ладна земја со топли срца

„Толку малку време и простор, а толку многу да се каже. Се уште не сум запознала човек на планетава што не сака да патува. Страствено се впуштав во секое мое патување, едноставно како да живеам за тоа. Паралелно со тоа ги сакам странските јазици , па добра комбинација беше патувањето да се зачини со праксата која ми ја пружи АИЕСЕК Скопје, а која ми овозможи патување , едукација и подобрување пред се на англискиот и на другите јазици.

Крај на месец септември 2013 година – јас со мојот огромен куфер како да се телепортирав во милионската и масивно изградена Варшава. Градот на Народниот музеј, на филхармонијата и на 66 образовни установи. Прво што слушнав беше едно момче кое пријде прашувајќи ме нешто на дотогаш неидентификуван јазик. Одговорот мој беше јасен ,,Извини , но не те разбирам’’ а тој љубезно ме праша на англиски дали ми треба било каков вид на помош за мојот куфер”. Искрено?! Ми дојде како кец на десетка.

После одмор, преноќување и разгледување на Варшава со сите занимливости и историски споменици , се упатив до Торун – Градот на младата популација. Таму мојот координатор на групата љубезно ме пречека и организира забава по повод моето доаѓање во Полска. На забавата се запознав со многу членови на  АИЕСЕК од целиот свет, со кои не ми требаше многу време да се вклопам. Сите бевме дојдени со ист план авантура, пријателство,позитивна енергија и едукација. Планот беше преку проекти да се претстави државата од која потекнуваме. Имав доста материјали за нашата Македонија, за убавините кои ги поседува, за историјата која ја има во изобилие.

Понеделник , работен ден. Првата недела отпатував да работам во Иновроцлав . Беше град на еден час оддалечен од Торун. Со моите колеги Мајкл (Египет) и Мерве (Турција) оставивме одличен впечаток со нашето појавување во Гимназија бр.7 . Улогата не беше баш лесна и едноставна. Требаше секој да ја претстави својата држава во најдобро светло и да допре до учениците.  Учениците заинтересирано ги следеа моите предавања за представување наМакедонија со сите обележја и долговечната традиција. Македонските ора и традиционалната облека долго време им го одовлекуваше внимание на учениците, по што се разви неколкучасовна дискусија.

На крајот од неделата сите ученици изработуваа проекти , дискутиравме на разни теми поврзани со Македонија, игравме доста игри поврзани со настани, географски поими или имиња поврзани со нашата земја.

Втората недела ја поминав во Липно и Стеклин , тоа беа две помали градчиња но полни со љубов. Моите обврски околу претставувањето на Македонија преку презентација ги обавував многу вешто. Во овие две места имаше исто така доста стара историја и научив многу нови работи за секојдневието на Полјаците.

Искуство на македонски студент од Полска – ладна земја со топли срца

Останатите четири недели ги поминав во Торун , градот од каде започна се. Една недела минав во градинка со деца на возраст до 5 години . И тоа беше едно убаво искуство. Учеа бројки , букви , го боеја македонското знаме, пееја песни, па дури почнаа да ја учат македонската азбука. Нашата мисија беше исполнета, им влеавме на учениците знаење и волја за учење странски јазици. Ги поттикнавме да размислуваат за различни култури и обичаи. За време на викендите пак, често се договаравме да заминеме некаде подалеку, во друг град.

Иако помина доста време после мојот престој во Полска, јас сум се уште под импресии. Добив доста пофалници , се стекнав со животно искуство, дознав нова култура, нови обичаи, стекнав пријатели од целиот свет. Му благодарам АИЕСЕК од се срце за ваквата можност“.

Елена Трајческа

Доколку и вие сакате да искусите ваква интернационална приказна аплицирајте за  програмата за волонтерски пракси Global Citizen  на : http://bit.ly/GlobalCitizenProgram

Повеќе информации може да најдете на фан страната на АИЕСЕК Македонија.