Искршени едукативните табли во Зоолошката градина во Скопје

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од искршените едукативни табли пред живеалиштата на неколку животни.

„Поставивме нови едукативни табли пред секое живеалиште каде што може да се прочитаат информации за животните. За жал дел од нив деновиве се уништени од несовесни посетители. Зарем толку е тешко да се внимава и да се почитува нешто што е направено за граѓаните?“, прашуваат од скопската ЗОО.