Исечени седум дрвца на булеварот во Автокоманда

Непознати сторители вчера со секира исекле 7 дрвја од видот каталпи, засадени 2012 година во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“, соопштија од Град Скопје. Исечените дрвца пред две години биле посадени на потегот од Шумарски факултет до Општина Гази Баба.

3

„Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град“, се наведува во соопштето.

1

Од Градот додаваат и дека случајот со исечените дрвја е пријавен во полиција, но засега сторителите не се најдени.