[Видео] Исечени последните дрвја кај плоштадот Карпошово востание

Претпладнево беа исечени последните дрвја кај плоштадот Карпошово востание. Екипите на паркови и зеленило, околу 11 часот ги исекоа и преостанатите неколку зимзелени и листопадни дрвја, стари по неколку децении.

Исечените дрвја се наоѓаа во просторот меѓу црквата Св. Димитрија, Меморијалниот центар на холокаустот и Музејот на македонската борба. Сега на овој простор остануваат само бетонот, мермерот, скулптурите и фонтаните.

Погледнете го видеото од последниот масакр врз зеленилото во центарот на Скопје: