Исчезнатите животни ја „опседнуваат“ Африка во серијал впечатливи фотографии

Фотографот на диви животни Ник Брент ги прикажува сериозните ефекти на развојот на човечкото општество врз местата каде до неодамна живееле животни.

Брент фотографирал диви животни во источна Африка во текот на целата своја кариера. Африка, место каде да се види слон во градина во обично соседство не беше реткост, сега го повторува шаблонот на западните земји, пишува Mashable.

„Уништувањето на овие животни на овие африкански места, не се случувало во минатото додека јас растев, туку се случува сега, во нашата сегашност“, вели фотографот. „Ако продолжиме со истиот чекор, уникатната мегафауна на Африка ќе ја снема за многу кратко, на начинот на кој исчезна мегафауната на Америка и Европа, која беше избришана од човечкиот вид пред многу години“.

За својот најнов проект, Inherit the Dust, Брент направил принтови од животни во реална големина и ги вметнал на огромни панели. Фотографиите биле сместени во урбаните области каде животните некогаш живееле, но ги снемало видејќи развојот на човечката заедница ги избркал од природната средина.

„Повеќето Африканци би рекле дека западните општества го нападнале нивниот природен свет пред векови со интерес за економска експанзија и дека во Африка, никогаш досега немале можност да растат економски. Затоа, сега е нивен ред да пораснат. Зошто тие да бидат лишени од комотните, материјални животи кои ги имаме на Западот? Во одредена мера, тоа е разумен аргумент. Но, со која цена?“, вели Брент.

Резултатот е серијал од епски панорами, наменети да остават длабок впечаток на секој кој ќе ги види.