„Исцелител“ освои две награди на фестивал во Шпанија

Дебитантскиот филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ продолжува да освојува награди. Синоќа, филмот доби две награди, сребрена палма и награда за најдобра режија во официјалната програма на престижниот фестивал Mostra de València во Шпанија.

Членови на жирито на 33-то издание на фестивалот беа: Сабрина Сејвеку, актерка од Франција, Хедја Лемкечер, режисерка и продуцентка од Тунис, Аманда Вилавиеја, инженер на звук од Шпанија, Марко Ломбарди, филмски критичар од Италија и Рана Салем, режисерка и актерка од Либан. 

На „Исцелител“ му претстои нов предизвик како македонскиот кандидат за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година.

Филмот досега беше  прикажан на бројни филмски фестивали низ целиот свет. За него позитивни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и „Variety“, „Holywood Reporter“, „Screen Daly“ и „Senses of Cinema“, но и значајни балкански и македонски списанија.