„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески ја доби главната награда во Бергамо

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија.

36. издание на Интернационалниот филмски фестивал се одржуваше од 10 до 18 март.

Филмот ќе биде прикажан на уште еден меѓународен фестивал во Италија, овој пат во Рим, на „Франкофилм“.

„Исцелител“ досега се прикажа на бројни фестивали низ светот освојувајќи повеќе награди или признанија.