„Исцелител“ ќе биде македонскиот кандидат за Оскар

Филмот „Исцелител“, на режисерот Ѓорче Ставрески, ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година, одлучи Комисијата при Друштвото на филмски работници на Македонија.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи.

Комисијата, која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, била составена од Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.