Ирски тинејџер доби национална награда за алатка што детектира „дипфејк“ видеа

Тинејџер во Ирска доби национална награда поради неговиот пронајдок – технологија преку која полесно ќе може да се детектираат „дипфејк“ онлајн видеа.

Грег Тар, беше прогласен за победник на овогодишното издание на „Млади научници на годината“ поради неговиот проект „Напредна детекцијата на „дипфејк“.

Сликата и аудиото на „дипфејк“ видеата се изменуваат со помош на вештачка интелигенција за да изгледа како некој да кажува или прави нешто што во реалноста не се случило.

Ширењето на „дипфејк“ видеа беше причина за интернационална загриженост, бидејќи „дипфејк“ технологијата се појави во време на читање вести онлајн, кога социјалните мрежи воведуваат најразлични мерки за да се спречи ширењето на дезинформации.

Изменето „дипфејк“ видео прикажувало како новиот претседател Џо Бајден заспива за време на телевизиско интервју, со што станало популарно на социјалните мрежи пред ноемвриските избори.

Тар за „Еуроњуз“ изјавил дека создал напредна вештачка која ќе ги детектира видеата кои се намерно изменети.

„Работам со вештачка интелигенција веќе четири години и направив таа детално да прегледува огромни количини на податоци. Веќе постои таков концепт, но мојот пронајдок е четири пати побрз од вообичаениот. Неверојатно е што многу малку луѓе се запознаени со „дипфејк“ технологијата која веќе е распространета на интернетот“, нагласил тој.

Тар, кој има 17 години, ќе го презентира својот изум на натпреварот за млади научници организиран од Европската Унија.

Тој најавил дека ќе работи на верзија од пронајдокот која ќе може да се најде и на пазарот.

Извор: Euronews