Ирска „по грешка“ ги легализира екстази, кетамин и кристал мет

Во следните 24 часа, низа тешки дроги, законски класифицирани во највисоката класа, се легални во Ирска, благодарение на „дупка“ во законот.

Како што пишуваат ирските медиуми, Апелацискиот суд, по жалба на граѓани, пресудил дека државата го злоупотребила законот од 1977, со кој се забрануваат овие супстанци. Всушност, подоцнежните амандмани на тој закон се прогласени за неуставни, што автоматски повлекува укинување на правниот акт.

Ирскиот парламент доцна синоќа усвои нов, сличен акт, но тој, според ирските закони, мора да оди на усвојување и во горниот законодавен дом и може да стапи на сила дури по 24 часа, што остава „сива зона“ од еден ден, во кој екстази (МДМА), кетамин, кристал мет, психоделични печурки и низа други дроги се практично легални.