Ирска го избра првиот геј премиер

Лав Варадкар и официјално е новиот премиер на Ирска, прв што јавно признал дека е геј.

38-годишниот син на индиски имигрант, исто така, ќе биде најмладиот човек што ќе ја наследи премиерската функција, наследувајќи ја од Енда Кени.

Лидерот на новата владејачка партија „Фајн Гаел“ доби 57 гласа во ирскиот парламент наспроти 50 за неговата номинација за премиер. Околу 45 пратеници се воздржаа од гласање.

„Бев избран да водам, но јас ветувам дека ќе служам“, рече тој за време на неговото обраќање по изборот.

Вардкар, кој беше предложен во Собранието од страна на поранешната премиерка Кени, освои гласови и од независни пратеници.

„Како најмлад носител на оваа функција во земјата, тој зборува за нова генерација на ирски жени и ирски мажи, тој претставува современ, разновиден и инклузивен Ирец и зборува за нив како ниеден друг”, изјави Кени пред гласањето во парламентот.

Вчера, Вардкар ја предупреди премиерката Тереза Меј, дека правејќи договор со Демократската унионистичка партија може да го стави во ризик мировниот договор од 1998 година наречен „Добар петок“.

Тој рече дека британската влада не треба да е „премногу блиска” со која било северноирска партија.

„Нашата улога како влади е да дејствуваме како ко-гаранти [на договорот ‘Добар петок’], да не бидеме премногу блиску до која било партија во Северот, без разлика дали тоа се националистички партии или унионистички партии”, додаде тој.

„Тоа е, секако, нешто што ќе го акцентирам во сите контакти што ги имам со премиерката.”