ИРИ: Политичарите не ги слушаат младите, 55% испитаници сметаат дека Груевски не заслужува реизбор

Дури 55 % од испитаниците во последната анкета објавена од Американскиот републикански институт сметаат дека премиерот Никола Груевски не ја работи својата работа доволно добро за да заслужи реизбор.

Анкетата на јавното мислење во Македонија, спроведена од 6 до 15 јуни, покажува и други интересни податоци за слободата на говорот, економската и политичката ситуација во државата, како и мислењето за бомбите на опозицијата и настаните во Куманово.

Дури 55 % од граѓаните сметаат дека во Македонија не постои слободата на говорот и слободата на изразување на идеи, додека 38 % одговориле потврдно.

68 % сметаат дека политичарите не ги слушаат потребите и идеите на младите луѓе, додека само 24 % сметаат дека политичарите ги слушаат младите.

За кумановските настани, на прашањето „кој мислите дека ја платил / ангажирал вооружената група да ја дестабилизира Македонија?“, дури 34 % одговориле дека тоа го направила Владата.

За прислушуваните телефонски разговори објавени од страна на опозицијата, 65 % од анкетираните одговориле дека сметаат дека се автентични.

Според оваа анкета, примарен извор на 90 % од граѓаните за политички вести е телевизијата, додека од интернет веб страниците се информираат 23 % од луѓето.

ИРИ: Политичарите не ги слушаат потребите на младите луѓе, 55% испитаници сметаат дека Груевски не заслужува реизбор

ИРИ: Политичарите не ги слушаат потребите на младите луѓе, 55% испитаници сметаат дека Груевски не заслужува реизбор

Анкетата открива и загрижувачки податоци, како на пример дека дури 90 % од анкетираните одговориле дека воопшто не читаат неделни весници, 32 % сметаат дека Собранието не треба да биде отворено за граѓаните, додека 88% никогаш не побарале објаснување од државните или локалните институции за тоа како се трошат парите на даночните обврзници.

ИРИ: Политичарите не ги слушаат потребите на младите луѓе, 55% испитаници сметаат дека Груевски не заслужува реизбор

 

Во продолжение погледнете дел од прашањата и одговорите на анкетата на ИРИ:

Кога животот беше подобар за вас, денес или пред распадот на Југославија?

Пред распадот 64%

Денес 22%

Според вас, дали Владата има ефикасен план за решавање на економските проблеми со кои Македонија се соочува?

58% НЕ
33% Да

Дали оваа влада се обидува да го реши проблемот со корупцијата?

43% Дефинитивно / Веројатно не
29% Дефинитивно / Веројатно да
19% Ниедно

Дали премиерот Никола Груевски ја работи својата работа доволно добро за да заслужи реизбор?

НЕ 55%
32% Да

Како би ја опишале моменталната внатрешно-политичката ситуација во Македонија?

Интензивна и неизвесна 61%
Мирна и стабилна 15%
Критична и нестабилна 23%

Според вашето мислење, што е решението за актуелната политичка криза?

Оставката на премиерот 35%
Опозицијата да се врати во парламентот 30%
Создавање на привремена техничка влада 27%
Резолуција преку судскиот систем 21%
Оставки на министрите 19%

Дали сте ги слушнале прислушуваните телефонски разговори објавени од страна на опозицијата?

Да, имам слушнато повеќето од овие разговори. 37%
Да, имам слушнато некои од овие разговори. 43%
Не, не сум ги слушнал, иако имам слушнато од нив 14%

Дали мислите дека снимките од прислушувани телефонски разговори се автентични?

Да 65%
Не 15%
Не знам 21%

Според вас, кој го спроведе ова прислушување?

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) 33%
Странска тајна служба 34%
Не знам / одби да одговори 31%

На 9 и 10 мај, македонските полициски сили презедоа акција за да се спротивстави на вооружена група во Куманово. Во вашето мислење, ова беше …?

Вооружена група платена / ангажирана од страна на политичко или владино тело за намерно дестабилизирање на земјата 49%
Вооружена група која дејствува сама за да упати политички барања до Владата на Република Македонија? 22%

Според вас, кој мислите дека ја платил / ангажирал вооружената група да ја дестабилизира Македонија?

Владата на Република Македонија 34%
Не знам 30%
Владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ)] 8%
Некој од надвор, тајна служба 6%
Социјалдемократската партија на Македонија (СДСМ) 4%

Дали мислите дека постои слободата на говорот и слободата на изразување на идеи во Македонија денес?

НЕ 55%
Да 38%

Дали мислите дека Собранието треба да биде отворено за граѓаните?

Не, не треба да бидат отворено 32%
Да 56%
Не знам 12%

Се согласувате или не се согласувате со следната изјава: Политичарите не ги слушаат потребите и идеите на младите луѓе.

Се согласувам 68%
Не се согласувам 24%

Македонскиот буџет е финансиран главно од платени даноци од страна на граѓаните на Република Македонија и компаниите. Со ова на ум, дали мислите дека македонските граѓани имаат доволно влијание врз тоа како нивните даноци се трошат?

Не 70%
Да 21%

Дали некогаш сте барале објаснување од државните или локалните институции за тоа како се трошат парите на даночните обврзници?

Не, никогаш не сум помислил/а да побарам објаснување 51%
Да, сум помислил/а, но никогаш не сум побарал/а 37%
Да, побарав 8%

Дали поддржувате Македонија да стане членка на ЕУ?

80% Да
Не 14%

Дали мислите дека Македонија е поблиску до влезот во ЕУ денес, или беше поблиску, кога доби статус на кандидат за ЕУ?

21% Поблиску
51% Подалеку

Дали поддржувате Македонија да стане членка на НАТО?

83% Да
12% НЕ

Што е вашиот примарен извор на политички вести? (Можност за повеќе одговори)

Телевизија 90%
Интернет веб-страниците 23%
Весници 13 %
Радио 4 %
Пријатели 18 %
Политички партии 3 %

Кои неделници ги читате најчесто за политички вести?

Не читаат неделни весници 90%
Фокус 5%
Република 2%
Капитал 1%

Целата анкета на ИРИ може да се погледне на следниот линк.