Иран призна дека по грешка го срушиле украинскиот патнички авион

Иран призна дека „ненамерно“ го собориле украинскиот патнички авион во кој животот го загубија 176 лица.

Истрагата покажала дека „ракети биле истрелани поради човечка грешка“, изјавил претседателот Хасан Рухани, пренесува Би-Би-Си. Тој го опишал соборувањето на авионот како „непростлива грешка“.

Од иранската војска соопштиле дека авионот летал премногу блиску до локација која припаѓала на Иранската револуционерна гарда и дека по грешка бил посочен како непријателски авион.

Иран претходно негираа дека се одговорни за падот на авионот.

Рушењето на украинскиот авион во средата се случи само неколку часа откако Иран изврши гранатирање на две воени бази во кои беа сместени американски војници во Ирак. Нападот беше одговор на убиството на иранскиот командант Касем Солејмани во американски воздушен напад во Багдат на 3 јануари.