ИОМ: Повеќе од 7.7 милиони внатрешно раселени лица во Украина од почетокот на руската инвазија

Бројот на внатрешно раселени лица во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на 7.7 милиони, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесува „Данас“.

Агенцијата на Обединетите нации соопшти дека повеќе од 600.000 луѓе биле раселени во првите 17 дена од април.

ИОМ наведува дека повеќе од половина од внатрешно раселените лица, главно во источна Украина, изјавиле дека немаат доволно од некои прехранбени производи.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од пет милиони ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Пред војната, во Украина живееја 44 милиони луѓе.