Инженери развиваат хакерски систем со вештачка интелигенција

DARPA дава награда од два милиони долари на тимот кој ќе создаде „робо-хакер“, систем кој ќе може да манипулира со слабостите на ривалите, додека сам ги поправа своите.

Предизвикот со кој ќе се соочат седумте тима учесници на Cyber Grand Challenge на DARPA ќе биде да измислат автономен хакерски сисем кој може да пронаоѓа и поправа слабости во компјутерските системи, пред криминалци да ги воочат и да ги злоупотребат.

Секој од тимовите веќе има добиено 750000 долари за квалификување, а сега ќе ги пуштат своите системи во употреба, во натпревар против шесте противнички системи. Софтверот мора да биде способен да ги нападне ранливите точки на системот на другиот тим, како и да ги открие и поправи слабостите во сопствената програма, истовремено штитејќи ги сопствените перформанс и функционалност.

„Комплетно автоматизираните хакерски системи се последната граница. Луѓето можат да ги најдат слабостите, но не можат да анализираат милиони програми“, објаснува Џовани Виња, професор на компјутерски науки на Универзитетот Санта Барбара во Калифорнија.

Тој е и основач на хакерскиот тим Shellphish, кој изградил еден од системите (Mechanical Phish) кои се натпреваруваат во предизвикот.

„Хакирањето е вообичаено куп луѓе кои седат на маса и се многу уморни од куцање на лаптоп“, додава Виња.

„Робо-хакерите“ би биле од голема корист за организациите кои се обидуваат да ги заштитат своите мрежи, за брзо да ги идентификуваат и поправат проблемите пред некој друг да ги експлоатира за да украде податоци или да ги онеспособи онлајн услугите, а на тоа да не мора да работат неколу хакери.

Извор: Guardian