Интервју со м-р Ана Михајлов

Дали новиот закон за високо образование ќе влијае на ЕРАЗМУС+ или другите европски образовни програми и мобилност? Тоа е прашањето кое изминатиот период често го поставуваат студентите, во рамките на јавната дебата која се води по повод новиот Закон за високо образование, предложен од МОН.

По тој повод, редакцијата на РАДИО МОФ разговараше со м-р Ана Михајлов, в.д директор на Националнара агенција за европски образовни програми и мобилност. Покрај рефлексијата која новиот закон ќе ја има за европските образовни програми, говоревме и за тоа кои се најатрактивните универзитети за македонските студентите во рамките на програмите за мобилност, која земја е нивен најчест избор за студирање надвор, како ги применуваат стрекнатите знаења на европските универзитети, но и каде освен на универзитетите се образуваат или доедуцираат.

М-р Ана Михајлов потенцираше и дека особено е важно за време на нејзиниот мандат како директор, да ја издигне довербата на оваа институција помеѓу јавноста и студентите, но и да соработува во насока на приближување и употреба на сите можности и перспективи на европските образовни програми.

 

Магдалена Стојмановиќ – Константинов за ©Радио МОФ