[Интервју] Податоците се како чекан – може да изградите куќа или да скршите глава

Руфус Полок (Rufus Pollock) е основач и директор на „Open Knowledge Foundation , а на семинарот во Албах предаваше на тема „ Open Data, Open Government and Open Society“. Катерина Васковска, Katrin Nussmayr и Christian Jensen, направија кратко интервју и разговараа со него за тоа, дали отворената база на податоци би можела да го направи светот подобро место за живеење.

[Интервју] Податоците се како чекан- може да изградите куќа или да скршите глава!

Постои голема дилема во врска со тоа што претставува отворената база на  податоци. Дали ќе може поконретно да ни објасните за какви податоци станува збор?

Тоа се податоци кои секој може да ги користи, да ги менува, дополнува или да му ги даде на некој друг. Тоа не се лични податоци, не зборуваме за податоци за вашето здравје, туку за мали нешта како мапи, статистики или податоци за тоа каде Владата ги троши парите. Понекогаш луѓето се преокупирани со овие податоци. Тие се загрижени за приватноста и сакаат овие податоци да бидат приватни, освен ако не одлучиле сами да ги споделат. Мислам дека многу од  луѓето кога ќе помислат на отворената база на податоци, мислат на оние  податоци кои се откриени без согласност,независно дали од NSA или пак од локалниот супер маркет.Она што јас ќе го наречам „open dataе база на неперсонализирани податоци: Кои се навиките на купувачите – не за секој посебно туку во целост ? Која е нашата потрошувачка на енергија? Во овој момент, овие податоците се анонимни, а не лични, но сепак се контролирани од компанијата. Јас мислам дека треба да контролираме како податоците се користат и споделуваат.

Како функционира Open Knowledge Foundation“?

Фондацијата е задолжена за градење на заедница и мрежа за застапување на отворено општество, базирано на знаење. Една од интересните работи е дека не можете да создадете човекови права. Ако се залагате за подобар третман на човековите права, тогаш всушност ги застапувате. Во случајот со информациите, никој не може да посочи како владите и корпорациите ќе се однесуваат, но ние можме да изградиме технологии. Можеме да создадеме претпоставки врз основа на увидот во податоците. Може да пишуваме новинарски стории. OKF е меѓународно движење кое се залага за отворено општество преку застапување, зборување и работа.

Низ историјата имавме злоупотреба на отворени податоци: Имавме немири во Мумбаи и Њу Делхи кога се дозна кои етнички групи живеат во различните области. Дали верувате дека луѓето можат да ги злоупотребат слободните бази на податоци? Дали постои начин да се спречи злоупотребата?

Информацијата сама за себе не е добра или лоша. Информацијата, податокот, па дури и знаењето е како чекан. Јас можам да изградам и куќа користејќи ги нив, што е многу позитивно или само можам да погодам некој во главата, што не е добро. Не се работи само за податоците да станат достапни, туку и за способностите да се користат позитивно тие информации. Во исто време, сметам дека луѓето кои ќе ги направат достапни  информациите, не можат да бидат одговорни и за последиците од тоа. Важно е да се користат иновациите и можеби треба да им се објасни како се користат статистиките, но истовремено и дека треба да се потпреме  врз човечката природа. Целта на оваа фондација е да се изградиме заедници  за да им овозможиме на луѓето да ги користат информациите на конструктивен начин, но ние не можеме да го присилиме на нешто. За жал, јас сум сигурен дека луѓето ќе ги користат информациите на многу лош начин, бидејќи такви сме сите. Не има секакви, добри и лоши.

Ова не наведува разбовор за случајот со NSA, Snowden, Wikileaks…

Всушност тоа се многу затворени информациите што се злоупотребуваат. Прашањето за NSA е дискутабилно. Дали тоа е лоша употреба? Не мисли секој така. Според мене мислам дека постои поврзаност помеѓу отворените бази на податоци и приватните. Поврзаноста е во која кој го контролира тоа? Кој одредува кога приватни информации ќе бидат споделени со државите? Мислам дека проблемот е во тоа што владата не е искрена. Еден од проблемите во моментот е недостигот на контрола за тоа како се споделуваат приватни информации.

Оттука, Вие сметате дека треба да има повеќе иницијативи за промоција на слободна употреба на неперсонализирани информации, но и да се регулираат приватни информации?

Токму така. Што мислите, кој е најголемиот страв за земјите и владите во врска со отворените податоци? Зошто тие не го прават тоа како што треба?

Една од нив е контролата. Ги разбирам владите. Исто како што ние не сакаме да ги споделуваме нашите приватни информации, постои инстинктот „не ги споделувај “, кога би можел да се влезеш во неволја. Да се биде фер со државните службеници и влади, значи и дека е сосема лесно да се влезе во неволја за некои глупави работи. Ризикот од давањето дозвола за достапност на информациите до владата, е тоа да станат достапни и информациите што не ги сакаме. Владите и политичарите можат многу да направат, но тие се конзервативни, па постои размислувањето„Ако ова не го направиме сега-зошто воопшто и да го правиме? 

Па зошто би го направиле? Кои се топ 3 аргументи за владите да ги отворат базите на податоци? 

Во основа Топ 3 аргументите се следни:

Работа и пораст. Старт-апи и веќе постоечките компании кои може да ги искористат податоците. Да речеме дека јас имам превозна компанија. Дури и ако немам што да правам со податоците, јас ги користам. Загрижен сум за тоа дали има сообраќај или сообраќаен метеж, се грижам за мапите какви се, за полесното читање на информациите. Ако ги отворите податоците, побрзо ќе ги добите сите тие информации.

Ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во владата. Често владите прават и добри работа, но не се ценети од граѓаните .Само ги оставаат информациите некаде!

Информатичката технологија ни помага да се справиме со растечката социјална комлексност. Тоа вклучува создавање сетови на податоци. Така на увид ни се достапни податоци за климатските промени, сообраќајниот метеж, за стареењето на населението. Ваквите податоци ќе станат многу важни.

Целосното интервју може да го прочитете на alpbach.org