[Интервју] Objekt: Сакам кога можам да им погледнам во очите на луѓето за кои свирам

Берлинскиот електронски музичар и диџеј Objekt, кој често се нарекува „најсветлата млада ѕвезда на светската електронска сцена“ настапи минатиот викенд во Скопје, како гостин на фестивалот De:sonanz. Во интервју за Радио МОФ, тој зборува за музиката, за клубовите во Берлин и за неговите идни планови.

[Интервју] Objekt: Сакам кога можам да им погледнам во очите на луѓето за кои свирам by Radio Mof Music on Mixcloud

Твоето име – Objekt звучи баш како твојата музика, има некое чувство на константно менување на формата. Дали тоа беше идејата зад името – да навестиш како твојата музика ќе звучи или имаше некоја друга идеја?

Искрено, не размислував толку многу кога завршував со правење на мојот прв албум, не ни планирав да издадам некоја од овие песни па издавањето под промо винил “white label” дојде како мало изненадување и морав брзо да смислам име. Бидејќи идејата беше да биде серија на промо винил изданија, ми се допадна моментот „Објект бр. 1“, „Објект бр.2“, „Објект бр.3“… шлапнати на плоча. Нема некоја голема поврзаност со музиката или пак со мене.

Имаш чести промени во твојот стил – од длабоки, тврди басови до чисти техно звуци. Дали твојот променлив и брз животен стил е нешто што те инспирира или креативноста ја наоѓаш на друго место?

„Најчесто рефлектира нешто што во моментот ме интересира, мислам дека многу луѓе имаат погрешна перцепција дека започнав како дабстеп продуцент, кога јас навистина правам музика многу пред тоа. Дојдов до точка во животот каде бев сигурен дека музиката што ја правам е доволно добра за биде објавена, а во тој период бев навлечен на дабстеп и бас, кои некако беа и појдовна точка за мене. Искрено, правам техно музика многу пред тоа, па може да се каже дека се вратив на корените, но потоа ми стана здодевна и техно музиката па почнав повеќе да експериментирам и во моментов само ги следам сетилата. Многу од она што во моментов го правам е инспирирано од технологијата која ја користам.

 Прочитав дека твојот прв инструмент се тапаните, но и дека си учестувавл во креирањето на на Machine на Native Instruments. Раскажи ми нешто повеќе за тоа. 

Развивањето на Machine, коj гo направив како прототип во „Реактор“ – платформа на компанијата за електронски инструменти Native Instruments, е многу слично на правeње на drum synths кои ги креираш за една трака, само што мораат да звучат подобро преку поголеми параметри на поставување. Има околу пет навртки кои можеш да ги вртиш и тие треба да звучат добро на сите подесени позиции. Процесот е многу сличен, различно е само тоа што има многу повеќе подесувања кога сакаш да додадеш нешто и да видиш дали звучи исто толку добро кога ќе го наприш ова или она. И секако, многу помалку завршена музика на крајот на денот. Имаше навистина многу работа, малку и ме излуде процесот, но сепак сум задоволен од резултатите и она што ислезе на крајот.

Што користиш во моментов, кои електронски уреди?

Зависи, го користам Ableton Live веќе подолго време, повеќе од десет години и тоа е се уште мојата омилена и главна платформа. Но, забечежав дека ако го користам Ableton за се, како да не ме инспирира, па некако ротирам околку повеќе видови на опрема и гаџети кои ги користам. Често снимам работи и ги менувам, ги трансформирам многу, па потоа со миксетата експериментирам како звучат. Често користев и Machine, само што си купив нешто наречено drift box, кое се уште не сум го упoтребил, но навистина изгледа многу забавно и едвај чекам да го пробам. За мене, искрено, не е најважно колку видови на посебни уреди ќе искористам, повеќе се трудам да имам нешто што можам да го истражам, деформирам и употребам на некој начин. Да имам парчиња опрема кои можам да ги манипулирам со рацете повеќе отколку само „да ја заврши работата“.

Koe e твоето омилено место за настап?

Навистина ми се допаѓа да настапувам на различни места, мислам дека ако ги посетуваш истите журки, во било кој случај станува здодевно. Секако, сакам да настапувам за помала пубика која е блиску до мене. Големите фестивали се секако кул, но ако не можеш да ги погледнеш во очи луѓето за кои што настапуваш е малце чудно, се чувствуваш отсечено.

А кога си од другата страна, кога сакаш да се забавуваш?

Зависи како сум расположен и дали сум во „party mood“. Не одам често во клубови да слушам техно, кога одам значи дека ептен сакам да се забавувам. Претпочитам експериментални електронски забави кои се помалце журкаџиски и посетени, а за клубови не знам, но мислам дека како повеќе ја работам оваа работа имам помалку трпение за големи клубови со многу народ, обезбедување и во последно време сум се помрзелив за такви видови на забави. Сакам забавни пријатни места без многу гужва и тензија.

Што слушаш во моментов?

Во последно време го слушам новиот албум на Coilin кој воопшто не е клупска музика, мнoгу Maurice Fulton, Exoflex – нoвиот албум кој навистина ми се допаѓа, открив нов лејбл, SkillPacks, кој навистина ми се допаѓа… се колнам дека имаше уште неколку кои ми се на константна ротација.

Кои се твоите планови за во иднина ? Дали спремаш нешто ново?

Во моментов не подготвувам ништо ново за издавање, пред неколку месеци се вратив на мојата редовна дневна работа откако зедов слободна година-година и пол и во моментов равам музика кога ќе најдам слободно време, кога можам. Се чуствувам посигурно бидејќи имам редовна работа и не зависам од настапите, но тоа е сепак нож со две острици, бидејќи пишувањето музика оди побавно. Најверојатно нема да издадам ништо годинава, но се надевам ќе има нова музика во наредната. Сега-засега, само неколку миксови и настапи.

Катерина Васковска