[Интервју]Никола Kуриџ:Мора да ги препознаеме вистинските непријатели на нашите животи

Центарот за млади „Кварт“ е едно од најинтересните здруженија на граѓани во Приједор, Босна и Херцеговина. По повод растечкиот број на истражувања во врска со статусот на младите во БиХ , локалниот портал Бука објави интервју со  менаџерот на проектот на Центарот, Никола Kуриџ.

[Интервју]Никола Kуриџ: Мора да ги препознаеме вистинските непријатели на нашите животи

Според податоците од Федерално биро за статистика, над 80 проценти од младите луѓе чекаат за работа пет години или повеќе. Ситуацијата не е подобра во Република Српска . Како гледате на положбата на младите во контекст на барање работа во БиХ?

Положбата на младите луѓе во нашето општество како целина е исклучително лоша. Всушност , често се чини дека постои премолчена согласност дека останатиот дел од општеството, на секаков начин го попречуваат функционирањето на младите во сите области. Можеме да се потсетиме на проблемот со програмата Еразмус кон крајот на минатата година, кога се чинеше дека едноставно нема интерес за младите луѓе и дека не постои нешто што би можело да се нарече стратегија за решавање на бројните проблеми со кои се соочуваат младите луѓе секој ден. Кога ќе се изборат со целосно дисфункционалниот образовен систем, која ги охрабрува на се освен за истржувачка работа, отворање на хоризонтите и слободно размислување, младите се соочуваат со пазарот на труд во БиХ, ако воопшто може така да се нарече.

За да успеат да го остварат правото на работа, кое е дел од општата декларација за човекови права , мора да исполнат неколку услови. Еден од најважните услови е припадност во подобната политичка партија, во зависност од местото за вработување и ресорот во кој тие сакаат или не можат да работат. ПОжелна е и што поблиска роднинска врска, со што подобро позиционирани лица во нашето општество, па така ќе добиеме и цели семејства вработени во јавниот сектор, што ние како граѓани го плаќаме.

Па тогаш што им преостанува на младите, како да најдат работа?

Единствената опција е вработување е јавниот сектор , бидејќи економијата веќе долго време е присутна само во просторот на метафизички проекции. На овој начин , младите луѓе завршуваат во еден маѓепсан круг, кој на некој начин ги принудува на пасивност и апатија како краен облик на функционирање и евентуалното делување изостанува. Така добиваме генерација млади, кои не само што се сиромашните и апатични, но исто така се и опасно подложни на манипулација во сите области. Во такво опкружување се генерираат шовинизам , ксенофобија , национализмот , хомофобијата, сексизмот и други форми на омраза и страв од поинаквите, што всушност повторно го осигурува опстанокот на истите елити на власт и сè се претвора во систем на самоодржување на статус кво состојба која крајот ќе ни го одземе и најосновниот облик на постоење , на еден или друг начин.

Колку оваа клима за која зборувате е создадена од страна на актуелната политика, младите луѓе едноставно да не можат да дојдат до работа?

Јасно е дека не постои ниту волја , ниту стратегија проблемите на најспособниот дел од општеството на кој било начин да се решаваат. Секој ден сме бомбардирани од страна на разни национални интереси, мировен договор со кој се гарантира одредено уредување на државата, а тоа пак гарантира дека на секоја територија одреден благородник има свој личн „феуд“каде што можете да прави се што неговата извртена етика смета дека е неопходно. Во сите овие интереси, како на  имагинарните групи, така и на поединците на позицијат, се губи правото на обичниот граѓанин…и тие исти интереси постојано се жртвувани за”повискоки”, цели па оваа ситуација трае од 1995 година , со исклучок на војната. Постојат безброј примери на сомнителни вработување, наместени конкурски и измислување нови работни места за „соодветните“, повторно од нашите пари. Но во сето тоа, младите, оние кои не се роднини или членови на партијата , не го наоѓаат своето место .

На кој начин може да се спротивставите на матрицата по која функционираат повеќето луѓе во овие простори? Со ова мислам на сеприсутниот национализам, кој постојано тлее …

Ние морада ги препознаеме вистинските непријатели на нашите животи,  мора да се обидеме повторно и повторно да размислуваме критички, да се информираме на сите достапни начини и секогаш се водиме ос „критиката на сè што постои.” Не смееме да дозволиме да не заглупавуваат и преку јавните сервиси, кои сосема транспарентно се приватни, да ни кажуваат кого треба да сакаме, мразиме, кои се нашите интереси и како секогаш некој друг е крив за неспособноста на оние кои акумулираат богатство преку наш грб. Потоа мора да се справиме со прашањата кои сите нас не засегаат , без оглед на националноста , расата или други карактеристики и ќе видиме дека сите ние сме во исти позиции. Не смееме да си дозволиме да  бидеме жртви на слоганот „ Раздели, па владеј!”

Се чини дека економската ситуација во БиХ е се полоша, секој ден слушаме нови и нови приказни кои нè уверуваат во тоа, а сепак ние ги нема луѓето за излезат на улиците , не гледаме масовен настан од ваков вид, зошто е тоа така?

Всушност имаме ситуација која на прв поглед е парадоксална, но со подлабок увид ќе стане јасно во што е работата. Образовниот систем создава слуги на системот, го осуетува секое отстапување од стандардите , ја наградува просечноста. Заедно со образовниот систем , медиумската машина во најсуров начин, може да се каже по севернокорејски модел, го пере мозокот, манипулираат со историјата и сегашноста. На сето тоа логично продолжение е оваа многу катастрофална економска состојба, што неизбежно ги држи сите граѓани на постојан страв за преживување, додека социјална политика речиси и не постои. Раководните структури постојано се обидуваат да не дозволат премногу граѓани да дојдат до ресурсите со кои, всушност, ќе бидат во можност да ги променат работите. Тие ресурси се квалитетно образование , основен финансиски капацитет и ослободување од постојаниот страв од некој вид на одмазда.

Се повеќе ми се чини дека постои еден особено сериозен облик на злоупотреба на службената должност од страна на владините структури. Додека овие работи не се сменати се додека е „ин“’ пиењето кафе во центарот на нашите градови, глумејќи уредно општество , се додека на сите нас животите ни зависат од самоволието на моќниците, нема да има големи промени иницирани од страна на самите граѓани. Ние допрва треба да се создадеме некоја форма на граѓанското општество како ентитет во општествените текови.

Целото интервју може да го прочитате ОВДЕ.