[Интервју] На Скопје му недостига визија

Минас Бакалчев е архитект и професор на Архитектонскиот факултет, Скопје , а како учесник и ко-куратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското Биенале, беше еден од добитниците на посебното признание  со проектот „Град на можни светови”, во 2008 година. На годинашниот TedxSkopje, Бакалчев говореше за Градот и неговата структура.

Што треба да содржи еден функционален град? 

Денеска е тешко да се каже, меѓутоа треба да се има доволно чувство за да можеме да бидеме соговорници да имаме дијалог со градот, тоа е најважно и дека веќе невозможно е да се поставуваат модели во само една насока, од горе надоле. Меѓутоа исто така од реалноста и секојдневието не може да произлезе заедничка визија, веројатно е потребно нешто помеѓу да се пронајде.

Дали сметате Скопје функционира според начинот на кој што би требало? 

Мислам дека ни еден град не функционира како што треба, но она што е важно е ние да сме свесни за тоа да имам критички начин на согледување, тоа е за да не мотивира да се обидеме да го менуваме.  На Скопје она што му недостига, според тоа што го гледам, се секојдневните работи, визии, не во однос на физички или сликовити туку она по кое што секојдневно се движиме. Одиме по тротоари, а ги немаме. Преминуваме прешироки улици, движиме континурано по ѓубришта низ некаво конуниурано поправање, а некогаш ни треба мир и мисла за она што се луѓето тука и денеска, за секојдневните наши визии.

Рековте верувате дека аритектурата може да го промени светот во мерка на која тој не менува нас?

Верувам во тој дијалог, во тој реципрочен однос меѓутоа тоа е едно мое модерно верување. Јас сеуште ја имам модерната идеја дека ние можеме нешто да наравиме или промениме, едноставно останува на нас како луѓе. Ако тоа не го направиме или не веруваме, тогаш што со нас.

Дали сметате дека луѓето се доволно освесени за тоа колку архитектурата влијае врз нив како битија? 

Влијае и тоа многу , тоа е докажано со психологијата. Сите ние сме мали парчиња кои што ја содржат таа целина. Дали се освестени или не, не знам, но поважно е да знаеме сите дека ние можеме да влијаеме за тоа каква е таа рамка околу нас. За младите имам премногу пораки, но она на кое што треба да обрнат внимание е да се вклучат во оние процеси на градот и во неговата промена, зашто тоа ним им преостанува на нив.

Сара Миленковска