[Интервју] Горазд Китановски – Кени: Омилено хоби ми е флертување со креативноста која не познава граници

Искористи го гласот за добро, ја поседуваш магијата да азбуката како милуваш ја обликуваш. Не случајно се вели spelling нели? Сум обичен wordacholic вечно трагајќи по љубов и емоции, наивно преведувајќи ги во зборови. Heartist кој остава срце на heartија…

Ова се зборови на Горазд Китановски – Кени. Млад човек што го запознав 2019-та во автобус на ЈСП. Автобусот беше претворен во мобилен културен центар, а внатре имаше предавање, мала дискусија, свирка на бенд, но се читаше и поезија. Се’ тоа додека автобусот се движи, патува низ Скопје. Турата потсети дека уметноста и културата можат да „окупираат“ најразлични места за експресија и поврзување меѓу културните фанатици. И, да ги обединат поетите, за тие да пренесат зборови, мисли, ставови.

Горазд Китановски – Кени (десно) на настанот „Омнибустопија“

Меѓу оние што читаа поезија беше и Китановски. Неслучајно беше таму. Неслучајно го споменувам во овој контекст, како дел од новата генерација млади креативци. Тoj e меѓу нив, ангажиран, позитивист, дел од културен процес кој се одвива денес, тука.

Повод за интервјуво е книгата „Бетер Times“. Но, повод е и неговото учество изминативе години на Астални проекции, Андерфест, Енгејџ, 100 илјади поети за промена, Слем Поетри Македонија… Учесник е и на настани во странство, но некогаш ќе го сретнете и при уличен перформанс, спонтано препуштен на непосредна магија и фидбек со минувачите.

Во една прилика, Кени за себе ќе рече дека е слем-поет, преносник на позитивна мисла. Сега, на прашањето како се доживува себеси, тој враќа со: „Ух… Кај го погоди баш најтешкото прашање на Планетата?!“.

„Би позајмил фраза од Ален Вотс кој вели: ‘Trying to describe yourself is like trying to bite your own teeth’. Шала на страна, од секогаш ми било тешко да се опишам себеси. Луѓето околу мене би рекле: ‘тешка будала’ (во позитивна смисла хаха). Омилено хоби ми е флертување со креативноста која не познава граници, па можеби затоа често сум се чувствувал како емигрант на непозната трансцедетална територија. Сакам луѓе, славам туѓ успех, ‘денес’ ми е fave day – не верувам во утре“, вели младиот Китановски, додавајќи: „Те молам кажи ми дека успеав да го одговорам прашањето?“

Многумина го знаат под името Kenny The Heartist (Кени Д Хартист). Тоа му остана, како некој вид уметничко-перформативен псевдоним. А, Кени – како препознатлив надимак.

Околу името, раскажува дека во прва година средно носел портокалова јакна, со качулката секогаш ставена на глава.

„Зошто ме викаат Кени“

„И увек ‘го јадев брат’. Пример има тепачка, а јас само поминувам – ликот од нигде никаде ми се става на мене и ми пука шамар. Или се сопнувам на прав пат, или што и да ти падне на ум смешно – ми се десило. Инспириран од моите ситуации Јовче ме нарече Kenny. ‘OMG THEY KILLED KENNY’. Кени во South Park умира во скоро секоја епизода“, раскажува Китановски.

Тој концепт се поклопува со неговата идеологија дека луѓето секоја вечер умираме, а наутро повторно се раѓаме. Секој ден е нова шанса, нова можност. Да сакаш, да креираш, да бидеш.

„The Heartist се раѓа подоцна во приказната, не барајќи, го најдов изразот. ‘Heartist’ e микс од два збoрчиња: Heart и Artist – a значењето му е ‘Артист кој креира единствено од срце’“, објаснува Китановски.

Technically we don’t matter cause we are matter.
У пи*ку матер.

Китановски минатата недела ја промовираше книгата „Бетер Times“. Како „fun fact“, за неа вели дека не ни бил свесен дека пишува книга.

„Процесот започна во далечната 1994 година… Се шалам, верувај дека давам сè од себе за да бидам сериозен. А што значи да бидеш сериозен е друга тема, ама ај… Книгата содржи парчиња од мојата имагинација, во периодот од 2013 година до 2018. Дур да ја издадам оваа книга, напишав уште две, God bless the procrastination“, потенцира младиот автор.

Ана Голјешка Џикова, која воедно е и една од рецезентките на „Бетер Times“, ја опиша книгата како: „Долг вресок иднина, од стојалишта на тековна небиднина… Има еден таканаречен ‘залуден оптимизам’ кој мислам дека е реткост да се најде во поезијата во современ контекст“.

Фото: Маја Аргакијева

Како и самиот тој, вели Китановки, книгата е „чудна“, влева доза оптимизам, содржи поеми кои сакаш гласно да ги викаш или рецитираш или медитираш, има кратки фрази, досетки и игра со зборови, идеи и речник (нови зборови со ново значење).

„Можеби интересен факт е што правам лично деливери на секоја книга, индивидуален перформанс и персонализирана поема напишана фристајл во моментот. Кога првиот пат ми текна и го направив тоа, хахаха, си реков окејјј, кул… На овој начин ќе имам мнооогу перформанси хахах (не ја земајте книгата, спамер сум, замарам со многу зборење и хајп)“, вели тој.

„Макионичар“ Човек што си создава маки од сè во секоја ситуација.

Уште пред интервјуто, Кени кажа дека „книгата е пишувана низ призма на позитивните страни на животот“. Па, оттука доаѓа прашањето – зошто на градот, државата, светот му треба позитива? И, како влијае тоа на сите нас?

„2020 ни докажа дека не е убаво секогаш да бидеме позитивни (кратко ха-ха). Претпоставувам дека ја одбрав позитивата како штит, а насмевката како оружје во свет во кој преовладува негативната информација. И цел живот ќе ме боли што негативните информации многу побрзо се шират низ етерот. Назад кон Ален Вотс ‘Real religion is the transformation of anxiety into laughter’. Обожавам да си го ‘хакнувам умот’ убедувајќи го дека животот е најубавото нешто што може да му се случи на човекот“, забележува Китановски.

Фото: Маја Аргакијева

Според него, малку недостасува за да бидеме многу среќни. Од нас зависи како ќе го перцепираме светот и луѓето во него. Како ќе ги толкуваме информациите што кружат во етерот.

„Не знам“, вели тој, „јас секогаш гледам можности и верувам во подобро денес“.

„Подобро сега. Не утре. Утре секогаш доцни. Како човек што поголемиот дел од времето има налив на количество позитивна енергија, идеи и hype за ‘правење работи’ се чувствувам должен да споделам од таа енергија со пријатели, партнери, бизниси, иницијативи, комшии, што и да. Дури и најмалиот акт на добрина, менува. Многу менува. Фразата ‘Small acts, when multiplied by millions of people, can transform the world’ е мнооогу точна. Замисли бе, да беше 20 евра казна ако не си направил 2 добри дела во денот? Ахахахахах. Или 20 евра казна ако не си вежбал? Или 20 евра казна ако не си прочитал 20 страни во денот? Ме разбираш што сакам да кажам… Се надевам, не знам ни како дојдов до овде со муабетот, искрено, хахаха’“, напоменува Китановски.

Палетата е топла како летата на децата, па летам над

Небово бесконечно,

Среќен скроз

Излегов од бес, конечно!

Книгата е пишувана на ракописно. Како прав архаичен футурист, дополнува тој, обожава технологија, а истовремено е „олд скул“. За него, многу е повистинско чувството кога пишуваш на хартија наместо на телефон или лаптоп. И самово интервју прво на хартија го напиша.

„Многу читатели би се согласиле дека истите зборови може да предизвикаат различна емоција доколку го читаат оригиналниот ракопис (има нешто во рачните изработки). А и никогаш не сум бил фан на традиционалните работи“, потенцира Китановски.

Промоцијата на „Бетер Times“ се случи на Фејсбук и Инстаграм. Ова низ насмевка го објаснува како „можеби немаме живот, ама жими сФе сме live“.

„Вака брат. Веќе 2 години ‘си ја тупам’ главата како да ја направам промоцијата и во кој формат да ја издадам книгата. Вака, не така, еј не чекај и ова. И дојде 2020 заедно со корона. Се’ е затворено, а јас сум си зацртал дека проектот тогаш ќе излезе. И бидејќи условите не ми дозволија да направам промоција, одлучив во живо да го направам тоа на социјалните медиуми. Обожавам да се ставам неконфорни ситуации (често тоа го правам и неподготвен). За онлајн промоцијата немав ништо спремно. Единствено знаев дека ќе ја направам и дека ќе зборувам за книгата, ќе рецитирам и евентуално споделам позитивна енергија. Се уште се немам гледано како сум поминал, луѓе викаат океј било (блиски ми се, не знам дали да им верувам). Би ја искористил оваа прилика да им се заблагодарам на Стефан Николовски, исклучителен уметник кој го нацрта каверот за книгата, Перо Сарџоски (човекот со најголемото срце во сите универзуми) рецезент на книгата и мој многу драг пријател, Ана Голјешка Џикова исто така рецезентка, и сите оние луѓе кои низ процесот ме поддржале, споделиле искуствен совет, или стиснале лајк, пишале коментар, ја купиле книгата или што и да е“, посочува Китановски.

Знаеш, вели тој, понекогаш доволно е само еден човек што ќе ти ја препознае и пофали креативноста за да ти го направи „денот“. Лично него како креативец тоа најмногу го исполнува.

„Замисли некој ти вика ‘Твоите зборови ми направија да се почувствувам толку убаво’. WOW. Толку едноставно и кратко, а сепак… Иначе ‘Бетер Times’ е мултимедијален проект. Ова е само почетокот. Во процес сум на други креативи во различни формати. Целта ми е една идеја да ја претставам преку различни медиуми односно музика, филм, цртеж, перформанс“, објаснува Китановски.

Како е можно да бидеш star, кога си цела галаксија?

Китановски често се движи меѓу млади луѓе. Смета дека има многу млади на кои буквално можеш „да им се чудиш“  и восхитуваш на талентот. Особено во последно време забележува дека многумина „одлучија“ јавно да ја споделат својата креативност и да работат повеќе на себе, своите пасии. И, тоа го радува, многу го радува.

Истовремено, споменува едно истражување кое вели дека луѓето станувале поуспешни кога ќе го напуштат својот роден крај.

„Кога одиш на ново место каде никој не ти го знае името, ти не се срамиш (можеби не до толку) да бидеш вистинскиот ‘ТИ’. И тргнуваш ги правиш работите, пошто не ти е гајле кој што ќе рече. Тука мислам дека се уште ‘патиме од комплексот’ што ќе кажат другите.  И тоа е еден од најголемите ‘убијци’ на таленти, соништа. Кажи си што ти лежи на душичката, нека какаат колку сакаат. Кога ќе имаме 70 години сигурно нема да ни текне на некој рандом лик што какал по нас, туку ќе жалиме за работите што не сме ги направиле. Така да моето мислење би било дека ние младите треба помалку да мислиме и пасивно сонуваме а повеќе да работиме и градиме. Што е најлошото нешто што може да се случи? Реално… А сцената, градот, културата, комшијата – се жедни. Константно. За нови идеи. Нови песни. Нови иницијатви. Нови движења. Нови погледи. Можеби ти ја имаш идејата која ќе го промени животот на младите во Скопје, а единствено срамот од можниот неуспех те попречува. Не знам кој претприемач сподели во едно видео дека 80 посто од неговите проекти се failure. Ама тие 20 посто што му се успешни… Е, тие ги прават сосема неважни тие 80 посто failures“, забележува младиот Китановски.

За сите позитивци, креативци, млади и не-толку-млади луѓе, тој порачува: „Затнете уши, и фатете се за работа“. Односно, никој, ама апсолутно никој не може да знае што е „најдобро за тебе“ – освен самиот ти.

„Прави го тоа што го сакаш и работи на себе (колку и клише да звучи гајле ми е) еден ден ќе ти се исплати. Пак јас со  Ален Вотс, ми тргна денес хахах. ‘This is the real secret of life – to be completely engaged with what you are doing in the here and now. And instead of calling it work, realize it is play’. Ај реални да бидеме. Никогаш во историјата на светот не постоело подобро време од ова денес да бидеш креативен. Изговорите умреа. Пред 30 години за да бидеш пејач, на пример, предуслов било некоја продуцентска куќа да те потпише. Па дури и ако те потпишат можеби ќе треба да се прилагодиш на нивните сугестии за твојот стил“, потенцира Китановски.

Благодарение на современата комуникација, вели тој, денес сите ние сме индивидуални продуцентски куќи , а можеби и затоа сам неконвенцијално ја издал книгата – „да не му се мешаат во манџата“.

„Со интернетот ја имаме можноста да нашиот ‘глас’ биде чуен во целиот свет (можеби и подалеку хахах). Имаме многу можности, навистина. Жалосно би било доколку не ги користиме. Јас сум многу среќен што сведочам како млади луѓе успеваат. Во книгата има еден збор ‘Paytience’ – ‘The price that you need to pay in order to achieve your higher goal’. И навистина е така. Ние младите сме многу нетрпеливи и сакаме веднаш резултати“, забележува тој.

Фото: Маја Аргакијева

Смета дека треба и да си буквално „опеседнат“ со тоа што го правиш. Да ти буквално гори срцето. Бидејќи, прашува тој, што е успех? Кој дефинира што е успех?

Оттука, за него успех е да се буди секој ден со насмевка на лицето и да инвестира време во работи што сака да ги прави. Да се дружи со убави луѓе, да слуша добра музика, да вежба, да биде здрав,  да биде благодарен.

„Благодарноста е underrated. Благодарноста е бесплатна. Треба да бидеме благодарни, без разлика на се’. Кога сме кај неа, ти благодарам Бојан за можноста да кажам по некој збор и споделам емоции. Благодарност до Радио МОФ што се секогаш отворени да соработуваат со слободоумни идеи и луѓе. И благодарност до секој што стигна до крајот на интервјуво. Браво (како издржа не знам, треба кафе да те частам хахах)“, вели Китановски.

Бојан Шашевски 

Фото: Маја Аргакијева

Прилог песна од Китановски:

Ајде да одиме.
Ова не е место за нас.
Ветрот ќе не однесе, ќе се чуе на глас.
Дека и за нас,
дури и за нас има спас.

Ако си заспан
разбуди се.
Ова е лусидна револуција,
не чуди се.
Не денсаат глувите
ден-саат минува во минута-две,
е да…
Истрипан е овој свет.

Ајде да одиме.
Ова навистина не е место за нас.
Велат земјата на сонцето
а не паднал
ни еден
зрак.
Мрак.
Баланс.
Конфузија.
Реалност.
Илузија.
Бучава.
Тишина.
Лага.
Вистина.
Но тука се е

Yin
Young, е надвор од границата.

Па затоа си движам и се изолирам
со мисли триста мој свет дизајнирам.
А таму?
Таму се е прекрасно
татнее хармонија
живот со емпатија
владее анархија.

Ова е нова ера ново време
доста беше кој ги е..
Нова ера ново време
доста беше кој ги е..

Ние сме креативно спремна
генерација без страв
не нудете ни булшит
трагаме по нектар

Конект ко веб брат
миленијалс доба сега,
револуција на умот-
подигање на свеста.

А да се вратам малце
назад во реалноста
Скопје милионски град
Но обвиен во празнина
Дише на апарати
Више нема живот маалски
Со другари од детство
муабетот е:
“Кај си? Што правиш, што работиш?”
Никој никого не прашува
“Ти како си?”

Пола младина отселена
пола ненасмеана
ќе ГОДОчекаме ли некогаш
моментот на среќата?

Не ми се верува…

Шминкаме анскиозност

Со Instagram филтри
не се познаваме во живо
но си лајкаме слики

Но како и да е
Јас уште верувам

Дека градот најубав
пак ќе бликне
Но никогаш и НЕ
ако ти не викнеш
“Радост ти ќе бидеш
доста ми се криеш
знам ти како дишеш
иако air не си виден.