[Интервју] Горан Ѓоровски, фотограф: Нема место за уривање бариери

Иако во минатото град на културата и уметноста, денес Тетово, првиот град во Македонија каде се „шутна“ фудбалската топка, градот на најубавите староградските песни не располага со места во кои може да се негува културата.

[Интервју] Горан Ѓоровски, фотограф: Нема место за уривање бариери

За уривањето на бариерата со љубителите на уметноста, за финансиските проблеми околу реализирањето на своето хоби и немањето место за едукација, младиот фотограф од Тетово, Горан Ѓоровски во интервју за Радио МОФ ја опишува состојбата во Тетово од културен аспект.

Како се роди љубовта кон фотографијата?

Импресиониран од убавините на Македонија, решив тие прекрасни места да ги овековечам низ фотографии, па така започна мојата љубов кон фотографијата.  Патувајќи низ Македонија, низ големото пространство на татковината замислувам прекрасни фотографии кои подоцна се обидувам да ги реализирам.

Како младите тетовци се соочуваат со поимот фотографија“?!

Поимот „фотографија“ денеска е сосем нормален поим кај младите, иако порано „зачудувачко“, денес од сè што не опкружува младите можат да направат со помош на новата технологија (мобилните) прекрасни фотографии.

Дали и ти како и сите други младинци на почетокот се соочи со проблеми од финансиски карактер?

Фотографијата е скапо хоби, а особено за места какво што е Македонија. Едноставно – тоа е уживање, но сепак скап луксуз! Нормално е да се соочиш со финансиски проблеми околу хобито, а да не зборуваме за фотографијата.

Има ли Тетово доволно места за афирмирање на уметноста и своето хоби?

За почетоците на уметноста Тетово сепак има места каде младите можат да започнат со фотографијата или друга уметност, но не и за нивно негување. Но сепак, за понатамошен развој на своето хоби, младите спасот го бараат во невладиниот сектор, кој за разлика од градот, нуди поголеми можности на ниво на уметност. Негативен одраз на градот дава и тоа што Тетово нема место каде уметниците ќе ја соборат бариерата со публиката.

Марко Видачек, Медиа/арт клуб Тетово