[Интервју] Драмската секција не учи да бидеме храбри, гласни и толерантни

Учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, на втори јуни по четврти пат ќе ја играат музичката претстава„Чевел“,  на сцената на „Македонската опера и балет”. Во пресрет на настанот, кој има хуманитарен караткер бидејќи собраните средства ќе бидат испратени кај нашиот северен сосед за погодените во поплавите, гостинка во емисијата „Незадолжителна лектира“ беше средношколката Дејана Попоска која за Радио МОФ раскажува како се создаваше мјузиклот„Чевел“, што се учи во драмската секција, но и што таа научи од овој процес.

[Интервју] Драмската секција не учи да бидеме храбри, гласни и толерантни -1

Како дојдовте до идејата за креирање мјузикл?

Направен е по иницијатива на професорката Татјана Алексиќ, која предава македонски јазик. Сценариото го напиша самата таа. Кога таа ќе го напише костурот, односно првичното сценарио, потоа ни го дава и можеме сами да додаваме што сакаме. Таа вели, може сами да си ја накитиме улогата, но најбитно е да ја сакаме истата. На крајот претставата има многу убав шмек, затоа што ја имаме слободата сами да си додаваме реплики, музика.

Секоја година се прави аудиција во оваа драмска секција. Професорката препознава некои деца на часовите по македонски јазик, па подоцна ќе те викне на аудицијата. Тоа е интересен процес, затоа што ќе се забавувате. Интересно е што може да се случи да ти дадат текст од Шекспир, да го читаш како да се пораѓаш, па така ќе се опуштиш, ќе научиш што и кога треба да кажеш.

Каков лик глумиш ти во претставата?

Јас ја глумам госпоѓа Потпетица. Таа е една доминантна личност во години, а мисли дека го освоила светот. Мислам дека и срам ми беше да ја глумам, има некои сцени… ама професорката дојде и ми објасни дека тоа е глума, ме советуваше, ова вака ќе го кажеш, ова вака ќе го направиш и ќе звучи смешно, хумористично, а не вулгарно. Професорите помагаат многу, не само за дикција, за глума туку и за оние најпрости работи на сцена, но најмногу ни помагаат со тоа какви се тие самите. Многу од она што го кажува, како го кажувам, црпам инспирација од оние што ме опкружуваат, а посебно од моите баби, бидејќи се доминантни личности.

[Интервју] Драмската секција не учи да бидеме храбри, гласни и толерантни Со оглед на тоа што сте средношколци и сите имате свои изградени ставови, како се одвиваше вашата соработка?

Убаво прашање…Па значи ете, веќе спомнав дека „Чевел“ не научи многу работи, а не само културно да се однесуваме. Се случува две другарки да се борат за иста улога и често тоа води до демотивирање на двете, наместо кон стимулирање. Но пред се училиштето е педагошка установа, па професорката ќе најде улога за оние што ќе отпаднат во првиот круг. Се учи многу, се учи дека секогаш ќе има некој подобар од тебе. Ние сме сите многу суетни. Деца се учат и на „Биди погласен“. Необјективни сме, некогаш не приметуваме дека си збориме на носот. Тие меѓучовечки односи многу се подобруваат, ќе научиш да бидеш потолерантен. Има еден мит во Корчагин дека учениците од прва година не можат да учествуваат во претставите, но тоа не е така. Никој не се осмелил да дојде и да праша. Ќе научиш да бидеш храбар. Корчагин не е само учење. Корчагин  е и ова, Корчагин се драмските секции, Корчагин се професорките што ти се другарки, што се посветуваат во сабота да те бараат наутро… има многу повеќе од она што се зборува.

Сами ли си ја правите костимографијата или ангажиравте костимограф?

За да видиме кој каде ќе продолжи во животот мора сами да ги правиме тие работи. Мислам дека е паметно да не ангажираме луѓе од страна мајки, тетки, баби, стрини. Сами си правиме се, не препуштаме се на една личност, туку тоа го правиме на индивидуално ниво. Ќе пробаш, ќе се обидеш и на крај ќе успее. Оваа година за новата претстава ќе бидеме уште покреативни.

Каков е односот помеѓу учениците и професорите?

Како што е во другите школи, така е и во Корчагин. И тука се имаме со професорите на фејсбук, и тука одложуваме тестови преку фејсбук. И тука професорите успеваат да се „лабави“ и да ги знаат сите трачеви и парови во клас, а после да ти го дадат најтешкиот тест. Поентата е да има некој баланс.

Александра Филипова