[Интервју] Dog Eat Dog: По две децении се враќаме со концерт во Македонија

На сцената настапуваат повеќе од две децении, меѓу првите успеаја да направат успешна фузија на хардкор и рап стилот, но и име за кое слушна целиот свет. Почнаа како дел од хардкор сцената во Њу Јорк и Њу Џерси во деведесетите, американскиот бенд Dog Eat Dog постигна вистински успех со сингловите „No Fronts”, „Expect The Unexpected” и „Who’s The King”.

[Интервју] Dog Eat Dog: По две децении се враќаме со концерт во Македонија

Десетина дена пред нивното гостување во Скопје, во интервјуто за РадиоМоф пејачот на Dog Eat Dog, Џон Конор зборува за нивните почетоци, за музичките влијанија, инспирацијата за нивниот звук, како и за тоа кои се планови на бендот во иднина.

Во моментов Dog Eat Dog се на турнеја и ја слават 20 годишнината од издавањето на нивниот најпознат албум „All Boro Kings”. Dog Eat Dog до сега има објавено четири студиски албуми, од кои првиот „All Boro Kings“ се појави во 1994 година. Албумот и хитовите кои тој ги претстави, на Dog Eat Dog им го донесе првиот комерцијален успех, кој резултираше и со освојување на наградата за најдобар нов артист на музичкиот канал „Ем-ти-ви“ во 1995, победувајќи ги во категоријата артистите како Alanis Morisette, Portishead и Weezer.

Интервјуто кое го водеше Томислав Тодоровски може да го слушнете во продолжение.

Intervju so Dog Eat Dog by Radio Mof on Mixcloud