[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти – нам не ни е страв!

[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти - нас не ни е страв!Софискиот универзитет беше окупиран пред точно два месеци, а окупацијата започна во најголемиот амфитеатар на Универзитетот и веќе третиот ден се прошири низ целата зграда на Ректоратот. Два месеци подоцна, бугарските студенти не се откажуваат од протестите.

Во интервју за Радио МОФ, Ангел Златков– еден од организаторите на протестите раскажува што се случуваше изминатиот период, кои се студентските барања, но и зошто студентите се иднината на една држава.

Преку кратка хронологија на настаните, што се случи изминативе два месеци во Бугарија, како се ширеа студентските протести?

Софискиот универзитет беше окупиран пред точно два месеци, а окупацијата започна во најголемиот амфитеатар на Универзитетот и веќе третиот се прошири низ целата зграда на Ректоратот.Наставата и административните активности беа прекинати, а студентите презедоа контрола врз зградата. Многу брзо бројот на студентите се зголеми од 50 до 1000, а зградата на најстариот универзитет во Бугарија се претвори во азил на слободата и критичкото размислување каде се собраа најактивните и најспособни студенти. Примерот го следеа колегите во другите софиски универзитети, а потоа и во Бургас, Пловдив, Благоевград, Велико Трново, Шумен. Се создаде Национален штаб на демонстранти – студенти.

Во првата недела од окупацијата бевме нападнати од група фашисти и националисти, предводени од пратеник од владејачката партија. Успеавме да ја заштитиме зградата и докажавме дека сме подготвени да се бориме за остварување на своите цели. Безобразен напад предводен од пратеник, го изнервира бугарското општество и уште истата вечер илјади граѓани се собраа во знак на поддршка пред Универзитетот.. и продолжија да се собираат секој ден. Ноќе граѓаните се организираа во ноќни патроли и одеа за да не заштитат од напаѓачите. Добивме писмена поддршка од повеќе од 500 универзитетски професори , кои исто така доаѓаа да ја бранат зградата.

Секоја вечер учествувавме во протестите против владата и секое утро одевме до Народното собрание за да ги пречекаме пратениците со повик за Оставка, организиравме неколку големи протестот на академската заедница и неколку пати за кратко успеавме да го блокираме Народното собрание. Реакцијата на полицијата беше брутална – имаше тепани студенти, невини луѓе беа уапсени.

Во моментов окупацијата на Софискиот универзитет се повлече во аулата на Универзитетот – во неговата најрепрезентативна сала. Ние не сакаме да ги спречиме своите колеги да учат и затоа решивме да ја дозволиме наставата. Во текот на денот се одржуваат леции, навечер повторно целата зграда е окупирана.

2. Кои се вашите барања и зошто избравте преку протести да поставувате  барања?

[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти - нас не ни е страв!

Ние имаме едно и единствено барање, а тоа е оставка од Владата. Пред ние да ја почнеме окупацијата, претходно 120 дена, секоја вечер, илјадници бугарски граѓани протестираа против оваа апсурдна влада. Се започна кога уште во почетокот на својот мандат, таа го назначи еден од најголемите олигарси и лидери на мафијата во Бугарија за шеф на Државната агенција за национална безбедност – една од најважните функции во државата. Незадоволството беше големо, уште првата вечер по назначувањето на улиците на Софија излегоа повеќе од 50 000 луѓе. Владата одби да ја смени одлуката и да каже зошто овој мафијаш е избран да одговара за националната безбедност на државата. Растеше бројката на луѓето на улиците до 70- 80 илјади. Но, политичарите одбиваа да го слушнат мислењето на граѓаните и да дадат објаснувања.

[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти - нас не ни е страв!По 110 дена протести, граѓаните се изморија, но не се откажаа. Сега сите очекуваа конечно и студентите организирано да го покажат своето мислење. Со група пријатели се собравме и решивме да ги земеме работите во свои раце. Направивме големи транспаренти со пораки : „Студенти, разбидете се!” , „Политичарите спијат”, „Морал во политиката“ беа распнати во студентски град и во дворот на Софискиот универзитет. Реакцијата беше позитивна и тоа не инспирираше да продолжиме. Направивме транспарент: „Студентите прашуваат:” Нели Ви е срам“ кој го однесовме во Народното собрание и отворивме пред пратениците за време на парламентарна седница. Прашањето беше упатено кон сите сегашни и минати пратеници последните 25 години кои одиграа еден циркус пред народот и профитираа на грбот на обичните луѓе .

Бидејќи не не слушаа од надвор, отидовме внатре кај нив. Акцијата имаше огромен медиумски интерес . Претседателот на Народното собрание не покани на средба, на која ние му изнесоа зошто протестираме. Тој директно ни кажа дека не е заинтересиран за нашето мислење и за мислењето на бугарските граѓани, рече дека ќе прави што сака. Заборави дека е само наш претставник, а не ни е господар, тоа ја прелеа чашата. Негодувањето беше огромно, луѓето сакаа објаснување . Тогаш ние решивме да го окупираме најголемиот амфитеатар на Универзитетот. Сакавме власта да го преиспита својот однос кон граѓаните и учениците.

Дали студентите се тие кои треба да бараат промена на владата; Зарем не треба студентските проблеми да бидат ваш приоритет? Многумина Ви забележуваат за ова, каков е вашиот став?

Студентите се најбудниот и најактивен дел од општеството.Тие треба да бидат коректив на секоја власт, да укажуваат на проблемите и да инсистираат на нивно решение. Секако дека студентските проблеми се ни приоритет, но како да ги решаваме кога власта вели дека не е заинтересирана за нашето мислење и дека ќе прави што сака? Оставката на оваа влада е само првиот чекор кон една многу поголема цел – да живееме во една праведна демократска држава во која волјата на граѓаните се слуша, во која луѓето добиваат пристојна плата за својот труд , а нивните деца добиваат квалитетно образование. Тоа нема да се случи веднаш , но со упорност и истрајност верувам дека може да го постигнеме.

Имате ли поддршка од граѓаните и од медиумите, дали постои поделеност во одност на студентските протести?

[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти - нас не ни е страв!Во моментов бугарските студенти се симбол – ние покажавме дека имаме позиција и дека сме подготвени да ја браниме. Многу луѓе им се восхитуваат на учениците. Се разбира, оваа влада има и свои поддржувачи , но тие се релативно мал дел од општеството. Страната на Facebook има повеќе од 45 000 лајкови, а на протестите доаѓаат илјадници граѓани. Медиумите ги презентираат објективно студентските протести, се обидуваат да ги покажат сите перспективи, а минатиот месец „Окупацијата“ беше главна вест во сите бугарски медиуми, но и бројни меѓународни телевизии , весници, списанија. И тука медиумите се зависни , но ситуацијата не е слична како во Македонија, каде што најголем дел од медиумите се партиски.

Овие протести не се поддржани од сите студенти? Што се случи, каде се останатите?

Универзитетот е прибежиште на слободата и слободно размислување. Правото на лично мислење е највисока вредност, а студентите се најкритичен дел од општеството. Нормално е да има различни мислења за окупацијата и нема сите да ја поддржат. Имаше денови од окупацијата, кога во зградата на Универзитетот имаше повеќе од 1000 студенти од „Окупирај“.На протестите доаѓаат многу повеќе.Целиот универзитет е излепен со наши плакати и транспаренти и никој не ги отстранува. Поголемиот дел од колегите не поддржуваат, но едноставно не се толку активни во акциите.

Вие сте еден од организаторите, зарем не се плашите од освета од актуелната власт? Колку се силни притисоците кон вас и кон останатите „ранобудни студенти“?

„Ние сме студенти – нас не ни е страв.” Ова е еден и од слоганите кои ги покажувавме за време на нашите акции. Нема од што да се плашиме, ние сме на вистинската страна и даваме пример на општеството. Не правиме ништо лошо.
Има притисок од страна на владата. Тој се одвива претежно преку полицијата, која периодично апси ранобудни студенти. Но тоа нема да не натера да се откажеме, бидејќи веруваме дека сме во право и бидејќи се бориме за нашата иднина во Бугарија.

Како се снајде полицијата во оваа ситуација, имаше многу противречности – од солзи до пендреци?

[Интервју] Ангел Златков: Ние сме студенти - нас не ни е страв!

Полицијата, се разбира, ги брани политичарите со штитови, палки , шлемови … Илјадници полицајци од цела Бугарија беа испратени во Софија. Тие се борат против студенти вооружени со пластични свирки. Имаше тепани девојки и момчиња, десетици уапсени студентите без причина – ги апсат, се потсмеваат со нив 24 часа во полицијата и потоа ги пуштаат .
Но тоа е работата на полицајците – да извршуваат наредби. Тие положиле заклетва. Проблемот се нивните претпоставени, кои седат во топол дом и пијат скапо вино во скапи ресторани и по телефон заповедаат да бидат тепани демонстранти кои со денови стојат на студот. Ние не сме против полицајците туку против нивните претпоставени.

Каква е иднината на младите Бугари, има ли надеж за подобро утре?

Надеж има. Ние сме надеж. Ние младите треба да ги земеме работите во свои раце и да го довршиме тоа што е почнато од нашите родители. Голем дел од нашите родители се запознале за време на демонстрациите за падот на комунистичкиот режим во Бугарија. Тогаш тие се бореле за слобода, за правда, за демократија. Сега, 25 години подоцна, ние, нивните деца, се бориме за истото. И само од нас зависи дали ќе успееме овој пат да го постигнеме.

Што планирате понатаму, до кога ќе траат протестите?

Протестите ќе продолжат додека тоа е потребно и додека политичарите не разберат дека се представници на народот, а не негови господари. Ние сакаме етика во политиката, ни здодеаја политичките игри во кои единствени губитници се граѓаните. Сакаме да живееме достојно во Бугарија. Ќе продолжиме да протестираме, без разлика против која власт бидејќи ние младите треба да сме коректив на секоја власт.

Што ќе им порачате своите колеги во Македонија?

Ќе го цитирам професорот Иван Илчев, ректор на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”:

„Американскиот филозоф Даниел Бурстин вели -можете да ставите човек на универзитетот, но не можете да го натерате да мисли.
Ние не сакаме да ве натераме, но сакаме да Ве поттикнеме да мислите. Затоа треба да се чувствувате слободни. Немојте да верувате на авторитети, ако тие не се докажаат пред вас дека се достојни за таа верба.
Бунете се. Не дозволувајте стравот за оценка, стравот од потсмев да ве натера да замолчите.
Бунете се. Со ректорот, со деканот, со професорите, со колегите. Бранете го сопственото мислење, не го повторувајте како папагали туѓото.
Бунете се! Ќе ве убедуваат дека знаењето не е важно – не им верувајте! Дека глупоста го победува интелектот – не им верувајте!
Дека во иднина ќе се слуша некој Пешо или Велна, а не Бетовен – не им верувајте!
Дека книгата си оди – не им верувајте.
Дека образованието кај нас е удел на неуспешните – не им верувајте!
Дека е важно портфолиото да ви е полно, а главата може и да биде празна – Не им верувајте!
Дека моралот и љубовта кон татковината се застарени – не им верувајте! Бидете такви какви што сте! Верувајте!“

J.J.