Интернетот во 1981 бил претерано симпатичен

„Замислете си да седите на вашиот компјутер со утринското кафе и да го вклучите вашиот домашен компјутер за да го читате дневниот весник“.

Интернетот во 1981 бил претерано симпатичен

Вака започнува овој симпатичен прилог од Сан Франциско од 1981, во кој се опишува како весниците започнале да праќаат свои верзии преку Интернет.

„Инжинерите предвидуваат дека ќе дојде денот кога сите ќе можеме да ги читаме нашите весници и магазини преку домашниот компјутер“, вели новинарот Стив Њуман во вестите.

Во тоа време биле потребни повеќе од два часа за да се префрли целиот весник на компјутер, преку телефонските линии. Повеќе за функционирањето на интернетот во 1981 погледнете во видеото.

Извор: Huffingtonpost