„Интернет воч“: Во Европа најмногу се објавуваат слики и видеа од деца со сексуална содржина

Европа станува глобален центар за споделување на слики и видеа од деца со сексуална содржина, покажува годишниот извештај на фондацијата „Интернет воч“.

Извештајот покажа дека 60 отсто од сексуалните содржини во светот се во Европа, што претставува зголемување од 19 отсто.

Холандија е на врвот на листата на европски земји со нелегална содржина, забележува извештајот.

Подобреното пријавување и политиките од страна на интернет провајдерите во Северна Америка се верува дека ја подобриле состојбата.

„Ситуацијата е обратна од претходните години”, вели Сузи Харгривс, извршна директорка на фондацијата.

„Европа е сега најголемиот домаќин на сексуална злоупотреба на слики од деца, наместо Северна Америка“, рече таа.

Во 2015 година, околу 57 отсто од веб-страниците со нелегална содржина можеа да се најдат во Северна Америка, покажаа податоците на фондацијата. Во 2016 година, оваа бројка падна на 37 отсто, со мнозинство сега во Европа.

Во извештајот на фондацијата се вели дека биле пронајдени околу 34.212 веб-страници во Европа, кои прикажувале нелегални содржини.