Интернет троловите си поигруваат со поставките на „Зум“, откако апликацијата се здоби со популарност

Интернет троловите ги „бомбардираат“ отворените видео состаноци на платформата.

Работењето и социјализирањето од дома донесоа нови ризици во нашето секојдневие, откако на видео состаноците на платформата „Зум“, непокането почнале да се приклучуваат гости кои ги злоупотребуваат поставките на популарната алтернатива за работа во време на изолација.

Јавните и отворени видео соби на „Зум“ станаа еден од популарните начини на кои работниците во изолација го поминуваат времето, вклучувајќи се во видео собири за дружба со други корисници.

Но, стандардните поставки на платформата се конфигурирани врз база на взаемна доверба помеѓу корисниците, што значи дека троловите можеле да предизвикаат хаос.

Дел од „зумбомберите“ ја употребиле поставката за поделен екран за да објавуваат порнографија и насилни слики. Други изведувале егзибиционизам, а експертите за безбедност истакнале дека поставката за споделување на документи може да биде искористена за ширење на вируси.

Во текот на минатата недела, во една од видео собите се придржил трол кој преку поставката за делење на екранот, споделил порнографско видео со преостанатите корисници во собата. Бидејќи собата била јавна со цел да се вклучат повеќе луѓе, тролот ја искористил оваа шанса и ги присилил администраторите да ја затворат видео собата.

„Сакам да им се извинам на сите корисници, вклучувајќи ги моите родители Џим и Сали кои се приклучија во собата за прв пат. Денеска сите научивме огромна лекција за деактивирање на поставката за поделба на екраните и за важноста на доброто модерирање на содржината“, истакнал еден од администраторите на видео собата за „ТехКранч“

Меѓутоа, нападите од интернет троловите се уште не престануваат. Руха и Шон Бенџамин исто така имале искуство со „зумбомбардирање“. Тие за „Енбиси Њуз“ изјавиле дека имале биде нападнати од расистички трол, кој носејќи само танга ненадејно се вкучил во видео сесијата за читање на детска литература и почнал да извикува расистички зборови за црното население.

„Тогаш сфативме дека станува збор за намерно таргетирање. И јас и мојот сопруг сме Афроамериканци“, додала Руха Бенџамин.

Со развојот на овие настани, платформата „Зум“ добила и друг вид на критики.
Една од поставките на „Зум“ дозволувала администраторите да набљудуваат дали корисниците во видеособата имаат отворено други интернет содржини освен „Зум“, што е совршено за шефовите кои сакаат да се осигураат дека вработените обраќаат внимание на состанокот, но и напад на приватноста на другите. Во вторникот, медиумот „Вајс Њус“ известил дека апликацијата на „Зум“ прилагодена за „иОС“ испраќала податоци до „Фејсбук“, иако дел од корисниците немале свој „Фејсбук“ профил.

„Ние сме длабоко вознемирени откако слушнавме за инцидентите кои вклучуваат напади од овој вид. Ги охрабрувме оние кои имаат отворено групни и јавни видео соби, да ги променат подесувањата, така што само администраторите ќе можат да ја користат поставката за делба на монитор. Препорачуваме оние кои имаат отворено тајни и ограничени видео соби да ги користат сите видови на заштита кои ги нуди платформата за да се осигураат од непоканетите корисници. Исто така, ги охрабруваме нашите корисници да ги споделуваат со нас сите инциденти за да преземеме конкретни мерки“, истакнала компанијата во соопштение до јавноста.

Извор: Guardian