Интернет компании објавија податоци за шпионирање на податоците

Фејсбук, Мајкросфт, Јаху и Гугл почнаа да објавуваат детали за бројката на тајни владини барања за податоците кои тие ги имаат, во обид да ја покажат дека тие се „само малку“ вмешани во контраверзниот скандал со шпионирањето податоци преку Интернет, објави Ројтерс.

Најлошите интернет лозинки користени во 2013 годинаИнтернет компаниите се обврзаа на поголема транспарентност во однос на владините барања за податоци во обид да се  ослободат од загриженоста за нивна вмешаност во големата , тајна програма за откривање податоци која минатото лето ја откри поранешниот вработен во ЦИА, Едвард Сноуден.

Податоците објавени интернет компаните се однесуваат на тајни судски налози, наредби, барања за информации за електронска комуникација и други онлајн активности на луѓето, што ги користат услугите на овие компании. Објавените податоци за 2012 и 2013 година покажуваат дека Фејсбук бил принуден да достави информации за околу 5.000 корисници во период од шест месеци, Гугл за околу 10.000, Мајкрософт за околу 15.000 и Јаху за над 40.000 корисници.

Како што изјави советникот на Мајкрософт, Бред Смит најновите податоци покажале владините барања за откривање податоци, не биле толку големи како што се очекувло.

„ Најголемиот дел од барањата за податоци кои ги промивме се однесуваат на телефонските записи “, појасни Смит.