Интернет кампања „Евреите и Арапите одбиваат да бидат непријатели“

газаЕвреите и Арапите одбиваат да бидат непријатели“ – ова е слоганот кој на почетокот на овој месец, според израелскиот сајт „Ynet“ го извикуваа повеќе од 300 лица кои протестираа против ракетните напади на Газа од страна на нивната влада. Оваа едноставна порака сега е во центарот на меѓународната кампања на социјалните медиуми против цивилните жртви во израелско-палестинскиот конфликт.

Луѓето споделуваат фотографии од себе држејќи парче хартија на кое пишува да се стави крај на насилството и да се поддржат цивилите соочени со ужасот од нападите. Повеќето од оние кои ја поддржаа акцијата имаат мешано, израелско и палестинско потекло. Тие го користат хаштагот #JewsAndArabsRefuseToBeEnemies и ја испраќаат својата порака на Фејсбук страницата чиј иницијатор е Израелецот Abraham Gutman. Во интервју за „Huffington Post“, тој вели: „Последниот месец беше тежок за нас, да ги отвориме нашите профили на социјалните мрежи. Тие беа преполни со коментари и омраза“.

„Ние сакавме да се создадеме заедница на луѓе кои се противат на овој вид на говор и да ги потсетиме луѓето дека во крајна линија сите ние сме само луѓе”, додава тој.

Извор: Вuzzfeed