Интернет активизам – светот дозна за акцијата за спас на нишките кучиња

Во Ниш постои азил во кој се сместени 450 кучиња и го води Саша Пешиќ. Кога ќе се погледнат фотографиите, може да се забележи дека овие кучиња се среќни, здрави и нахранети. Сепак, градските власти сакаат да ги иселат, а со оглед на тоа што градот нема услови да згрижи толку кучиња, сега им прети закана од еутаназија.

Untitled-12

На почетокот на декември до Пешиќ стигнала наредба од градот Ниш дека сите кучиња мора да се иселат во следните 15 дена, јавува српски Телеграф.

Отворено писмо до нишкиот градоначалник испратиле Саша Пешиќ и неколку здруженија за заштита на животните.

„Градот Ниш и службите на локалната самоуправа се одговорни за решавање на проблемот со напуштените кучиња и мачки, но (градот) е единствено одговорен за таквата состојба во врска со напуштените животни на негова територија.Оние кои во моментов се наоѓаат во сопствеништво и пот патронат на Здружението за заштита на животните на Ниш се напуштени, За Здружението со нивното згрижување ја врши работата на Градот и тоа без користење негови средства, а поради тоа Градот ги казнува. Оваа одлука на Градот ја сметаме за скандалозна“ , стои во писмото.ч

Многу од кучињата пред згрижувањто во азилот биле злоставувани, гладни и болни, а благодарение на Саша Пешиќ и неговата грижа за нив тие се среќни, излекувани, вакцинирани и чипирани животни.

10805573_344910652359996_3967893847345069482_n

Јавноста се обединува околу ова прашања, а на интернет луѓе од цел свет покренаа акција во која се сликаат со лист на кој пишува „Save Sasha’s Dogs! The WORLD is Watching!“ ( „Спасете ги кучињата на Саша! Светот гледа!“). Истовремено на овој линк се потпишува и петиција за спас на напуштените кучиња. Досега на неа се потпишани повеќе од 40 000 лица.