Интернационален собир на моделари и ревија на радио контролирани воздухопловни модели на Стенковец

На спортскиот аеродром Стенковец во Скопје во наредните два дена, од 11 до 18 часот, се одржува Интернационален собир на моделари и ревија на радио контролирани воздухопловни модели – „МАЈФЛАЈ“.

Настанот е од отворен карактер и на него ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.

Целта, како што велат организаторите, е да се промовира радио контролираното моделарство како спорт и хоби и да се прошират и зацврстат долгорочните врски со интернационални и регионални клубови и нивните членови.

„Со овој настан сакаме да пошироката публика да овозможиме уникатно искуство на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси преку лична, клубска промоција, но и промоција на матичната земја“, стои во поканата за настанот.