Интернационален „Outdoor“ фестивал во Демир Капија

Општина Демир Капија ги поканува сите љубители на спортот и рекреација во природа на вториот Меѓународен „Outdoor“ фестивал, кој ќе се одржи од 22-25 мај.

Местото каде ќе се одржува фестивалот е една од уникатните области во Македонија, меѓу природните убавини на Демир Капија, идеално за спортови и рекреација во природа, велат организаторите. Според нив, целта на фестивалот е да го зајакне пријателството меѓу сите оние кои сакаат спортови на отворено.

Тие ги повикуваат сите планинари, алпинисти, кајакари, велосипедисти, истражувачи на пештери и сите оние кои ги сакаат планините, природата, реките и шумите.

За време на фестивалот, учесниците ќе бидат сместени во шатори, алпски колиби и хотели кои се наоѓаат во Демир Капија. Во рамки на фестивалот, ќе се одржат презентации, проекции и музички концерти.

Федерациите и клубовите кои ќе сакаат да организираат свои натпревари и други активности, општината и спортскиот клуб „Клисура“ ќе им дадат поддршка. Програмата вклучува и симболичен крос „Железна Порта“, кој ќе се одржи во сабота (23 мај), со почеток од 10 часот, а ќе заврши во центарот на градот.

За учество на фестивалот потребна е регистрација. За лицата под 18 годишна возраст потребна е дозвола од родителите. Повеќе информации за тоа се достапни на веб-страницата на фестивалот.