Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ ќе се одржи во 4 до 10 мај во Центарот за култура. Во Битола ќе допатуваат актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања.

На 18-то издание, 13 од претставите се во конкуренција, а 4 се составен дел на фестивалската програма која ќе биде отворена со претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на МНТ-Скопје. Фестивалот годинава најавува 5 монодрами од македонска продукција или копродукција. Во состав на неофицијалната програма ќе настапат МНТ со „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а фестивалот ќе го затвори претставата на Театар Комедија, „Случајот Хармс“

За наградите одлучува меѓународно жири на чело со Петар Темелковски и членовите Билјана Крајчевска и Братислав Димитров од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ е поддржан од Министерството за култура.