Интересни факти за кинеската Нова Година

Лунарната Нова Година пристигна вчера, а кинеските улици се преплавени со луѓе кои танцуваа и го слават доаѓањето на годината на коњот. Освен традиционалната прослава, издвојуваме некои интересни и можеби чудни обичаи кои се карактеристични за празникот што го слават повеќе од милијарда луѓе на планетата.

Интересни факти за кинеската Нова Година

CNN направи листа од десетина вакви факти, британски International Business Times пак објави инфографик со кој визуелно ги покажа верувањата на тие што слават.

1. Ова не е само Нова година за Кинезите

Локалните жители ја нарекуваат „Кинеска Нова година“ која е всушност лунарната Нова година бидејќи се однесува на лунарниот календар. Покрај во Кина,  лунарната Нова година се слави и во Кореја, Виетнам , Јапонија и некои други земји.

2. Сообраќаен колапс

Сообраќајот овие денови е во целосен хаос, бидејќи сите семејства се собираат за тој ден. Мигрантите се враќаат дома , а луѓето кои работат во други делови на земјата, исто така пристигнуваат во своите родни места за да слават заедно со семејството.

3. Се слави 15 дена

Лунарната Нова година се слави, не само еден туку дури 15 дена при што последниот ден се поклопува со Денот на вљубените. Во текот на тие денови, оние што слават се обложуваат на коњски трки, гледаат паради, купуваат евтини производи и се „борат“ за место во храмовите додека траат богослужбите.

4. Не се оди на работа

Првиот ден од оваа година, според традицијата нема туширање, перење или чистење по дома. Нема ниту фрлање отпадоци , бидејќи сето тоа се однесува на среќата и просперитетот. Вториот ден е резервиран за дружење со семејството, а третиот со пријателите. Седмиот ден пак е време за прославување на родендените на секој член на семејството.

5. Момчиња за изнајмување

Бидејќи Новата Година може да биде тешко време за самците, Кинезите нудат услуга „изнајмување момче.” Сето ова може да се направи преку интернет компанијата Taobao каде изнајмување момче чини од 82 до до1321 долари на ден . Ако го сакате само во текот на вечерата,  чини осум долари на час , и за да Ви прави друштво во кино е пет долари. Момчето, според правилата на компанијата, ќе ве држи за рака, а ќе ве прегрне и бакне во образ пред да си замине.

6. Петарди и огномет

Петардите се користат да се исплашат чудовиштата. Легендата вели дека чудовиштето половина змеј- половина лав наречено Ниан доаѓа безшумно и ги напаѓа луѓето, особено децата за време на лунарната Нова Година. Затоа во Кина во овој период можат да се видат спектакуларни огномети.

7. Црвена долна облека

Црвената боја е поврзана со среќата и просперитетот , но таа се користи и за заштита. Ниан, според легендата, се плаши од црвена боја и затоа тоа е главната боја на целата прослава. За оние што се родени во годината на коњот и кои го тогаш полнат 12, 24, 36, 48 , 60, 72, 84 и 96 години,  црвената облека е задолжителна.

8. Време е за слатки

За време на прославата тие се многу важни, бидејќи благиот вкус е поврзан со просперитет. Традиционалните јадења вклучуваат сутлијаш, крцкави бомбици, зашеќерени плодови и слично.

9. Посебни филмови

Во овој период се гледаат филмови од специфичниот жанр „hesuipian “, посветен на лунарната Нова Година. Филмовите говорат за семејството и секогаш имаат среќен крај кој прави гледачот да се чувствува топло и задоволно.

10. Почит, но не и робување на обичаите

Традициите и суеверијата не се зацементирани. Има многу флексибилност во толкувањето. Ретко кој поради суеверението не се бања 15 дена во модерното време. Кинезите ја прифаќаат оваа Нова година, како едно време што е резервирана исклучиво за семејството и пријателите, но не сакаат да се потат поради ситници поврзани со прославата.

Интересни факти за кинеската Нова Година