Интерактивна инсталација со кинетички песок

Видеото претставува извонреден приказ на кинетички песок – интерактивна маса која реагира на допир со создавање на облици од песок кои се чини дека танцуваат околу предметите поставени врз неа. Масата е последно создадено дело на компанијата Adrien M / Claire B.

Идејата на оваа инсталација е луѓето да стапат во интеракција со дигитална површина која реагира на нов и елегантен начин. Оваа кинетичка маса прифаќа до 32 стимулирани допири и реагира со создавање на различни видови на анимација користејќи мали честички прашина.